СДСМ ја нарушува сувереноста на државата

СДСМ за свои политички поени ја продава душата на Република Македонија. Македонците кои беа вклучени во создавањето на државата со остра осуда за однесувањето на македонската опозиција.Тие велат дека СДСМ удри по сувереноста на нашата земја, само затоа што не е спремна да се соочи со македонскиот народ.
Првиот министер за правда во Република Македонија, Ѓорѓи Наумов, во изјава за Курир вели дека е сосема јасно зошто СДСМ бега од избори, но порачува дека оваа партија ќе доживее уште еден пораз кога и да се одржат следните избори.
-СДСМ нема доволно капацитет, нема доволно народ и сега бара чаре како да се спаси. Како пред македонската и светската јавност да образложи, ете сите услови им се обезбедија, техничка влада добија за избори, но бегаат, не сакаат бидејќи знаат дека нема да ги добијат. Не само сега туку и наредни и наредни, долги и долги години тие не можат да добијат на избори. Отиде веќе во историјата тоа нивно барање за промена на името. Овој народ не се бореше за промена на името, не се бореше за рушење и разградување на државата. Се бореше за јакнење на државата. Зарем не гледате денеска каква е Македонија, какво е Скопје, колку институции и одбележја се направени. Скопје не си заличува на тоа старо Скопје. Скоро 50 години живеевме во еден систем кога во Скопје не се изгради ниту еден споменик за некој наш револуционер. Сега викаат дека биле многу, ама ако, децата ќе ги научат, ќе ја научат историјата за да се борат за ова парче земја, што се вика Македонија на македонскиот народ по род.
Според него, СДСМ денес ја нарушува сувереноста на државата, но оваа партија, вели, веќе и одамна го направи тоа.Тие велат дека СДСМ удри по сувереноста на нашата земја, само затоа што не е спремна да се соочи со македонскиот народ.
Првиот министер за

Пронајдете не на следниве мрежи: