СДСМ користи нови лаги за да ги покрие лагите за скриениот долг

Министерот за финансии Драган Тевдовски во текот на вчерашниот ден одржа прес конференција која требаше да биде спектакуларна, но се покажа како фијаско.Имено во брзање да ги оправда изјавите на Зоран Заев за наводен скриен долг министерот Тевдовски, одржа прес конференција полна со неточни податоци и манипулативни бројки. Со цел бројката да биде поголема и истата да ја припише на претходната централна власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ Тевдовски подготвил извештај во која ги внел и долговите на единиците на локалните самоуправи, нивните јавни претпријатија, доспеаните и недоспеаните долгови. Се во еден куп.
Дури и оваа бројка која Тевдовски ја презентираше од наводни 363 милиони евра скриен долг, не беше толку висока како што Заев сакаше да ја прикаже кога бомбастично најави дека скриениот долгот ќе изнесува над 1 милијарда евра.
Обидувајќи се да ги пумпа бројките, да става и доспеани и недоспеани обврски, и долгови на централната, локалната власт и нивни јавни пертпријатија, Тевдовски не успеа на јавноста да и одговори клучни работи. Тевдовски не знаеше или не сакаше да каже кога се направени обврските. Новоименуваната портпаролка на министерствот за медиумите изјави дека не можеле да ги издвојат обврските доспеани и недоспеани.
За споредба – она што вчера Тевдовски се обиде да го презентира како неплатени обврски е исто како на едно семејство да му кажете дека има неплатени обврски од 8.000 евра за струја, ама за следните 10 години.
Од ВМРО-ДПМНЕ денес во изјава посочија дека е крајно срамно од страна на Тевдовски да припишува долгови на локалната власт, вклучително и долгот на општина Охрид, направен од Александар Петрески градоначалник од редовите на СДСМ, на досегашната централна власт раководена од ВМРО-ДПМНЕ
Од вкупно објавениот износ за наводниот скриен долг само 180 милиони се однесуваат на централната власт. Паднаа во вода обвинувањата кои ги даваа само до пред некој месец кога говореа за наводен скриен долг од неколку милијарди евра, од тоа дека само што не се случило грчко сценарио, и слични манипулации- велат од ВМРО-ДПМНЕИмено во брзање да ги оправда изјавите на Зоран Заев за наводен скриен долг министерот Тевдовски, одржа прес конференција полна со неточни податоци

Пронајдете не на следниве мрежи: