Двајца евро-пратеници од Бугарија во извештајот на Европскиот парламент за напредокот на Албанија успеаја да протуркаат барања кои ги нарекуваат „историски за бугарската кауза“ и со кои издејствуваа спомнување на Бугарите за прв пат како етничка група која живее во предели на Албанија, каде реално населението е 100% Македонско.Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев се имињата на двајцата евро-пратеници кои на редовна основа поднесуваат најразлични амандмани и резолуции кога е во прашање Македонија, а се насочени против нашиот идентитет и јазик.
Заедно со грчките евро-пратеници, Џамбаски и Ковачев се меѓу најгласните кога треба да се бришат пофални зборови за Македонија во извештаите на ЕУ и кога може да се негира македонскиот идентитет, како случајот кога македонскиот јазик беше избришан од регистрите на Европската комисија.
Пред неколку дена европратеници од Бугарија и Грција, поднесоа дури 318 амандмани главно за бришење на зборовите поврзани со Македонија и Македонскиот народ во резолуцијата за напредокот на Македонија.
Иако доаѓаат од две различни партии, покрај велико-бугарската идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ, Џамбаски и Ковачев имаат уште една заедничка нишка. Нивните ставови се на иста бранова должина со нивниот неофицијален македонски партнер СДСМ, без кој нивната политика на асимилација би била со многу послаб ефект.
Еден од негаторите на македонскиот народ Андреј Ковачев доаѓа од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов, кој не пропушта прилики да нагласи колку добар пријател е со Зоран Заев, како и дека нема добри односи со Никола Груевски.
Вториот евро-пратеник кој го негира постоењето на македонците, Ангел Џамбаски е од ВМРО-БНД, партијата на Красимир Каракачанов, кој пак е познат по тоа што од Бугарија често ги повторува ставовите кои ги има македонската опозиција. Па така Џамбаски во своите изјави често повторувал дека е против проектот Скопје 2014 и против спомениците на Александар Македонски, Васил Чакаларов и останатите. Џамбаски тврди дека Македонија ја фалсификува историјата, исто како што тврдат огромен број на сегашни и поранешни функционери и истакнати активисти на СДСМ (или поранешниот Сојуз на комунисти).
Џамбаски не запира тука, туку ги повторува и ставовите на СДСМ за лустрацијата која и според СДСМ и според Џамбаски била селективна. Тој дополнително власта на ВМРО-ДПМНЕ ја нарекува диктаторска и неприфатлива за него.
Поддржувачот на ставовите на СДСМ, Џамбаски исто така неодамна изјави дека „го очекува денот кога бугарското знаме ќе се вее кај манастирот Св. Наум во Охрид“, како и дека „Македонија е географски, етнички и историски – бугарска“. Сега, евро-пратеникот Џамбаски успеа и да протурка срамна резолуција со која македонското население во Албанија се нарекува бугарско. Ваквиот негов однос на негирање на Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора потсетува на односот на СДСМ кон овие луѓе на кои не им го признаваше правото на државјанство и глас, а преку Катица Јанева, Зоран Заев нарачуваше и хајки и апсење на единствениот македонски градоначалник во друга земја Едмонд Темелко.
Заев и Јанева ги апсат, а Џамбаски и Ковачев ги нарекуваат Бугари. Секоја сличност воопшто не е случајна.Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев се имињата на двајцата евро-пратеници кои на редовна основа поднесуваат најразлични амандмани и резолуции кога е во