СДСМ најави ново задолжување од 60 милиони евра, вкупно 400 милиони евра за само 3 месеци на власт

Премиерот на Република Македонија Зоран Заев, кога ја презентираше својата прогама „План за живот во Македонија“ меѓу оние работи кои ги вети, беше и она дека Македонија нема да се задолжува. Како и многу други ветувања и ова едно од оние кои Владата предводена од Зоран Заев не е исполнето, новата власт досега ја задолжи државата за 340 милиони евра, а се припрема и ново задолжување од скоро 61 милион евра.Според проспектите објавени денеска за аукцијата во вторник, најавено е ново задолжување. Предвидено е да се земат 15 годишни обврзници вредни 1.110.000.000 денари, 12 месечни обврзници вредни 600.000.000 денари и 12 месечни обврзници вредни 2.035.000.000 милиони денари. Тоа се вкупно 3,745 милијарди денари или 60,89 милиони евра.

Граѓаните се гневни што парите од буџетот место да одат за продуктивни проекти кои би донеле подобар живот за нив, за остварување на ветувањата за повисоки плати, како што велат тие одат за досега единствените инвестиции на новата власт, а тоа се вработувањата на партиските војници и кадрите од невладините организации финансирани од Сорос.
Инаку ова задолжување на Владата на СДСМ е само едно од низата задолжувања кои досега ги имаше нова власт во Македонија, тие за само три месеци ја задолжија државата за 340 милиони евра, а со новото задолжување кое го спремаат тоа ќе достигне 400 милиони евра.
Уште поголем страв кај економските експерти, покрај задолжувањето е и односот на власта кон странските компании, тие во минативе три месеци на сите начини тераат негативна камања против нив. Македонија во минатите години со економските реформи и политики кои ги направи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, стана една од најатрактивните земји за привлекување на странски инвестиции, а најавата за менување на даночната политики, како и откривањето на деталите од договорите, кои секаде во светот се чуваат во тајност, како што се говори не само што нема да донесе нови инвестиции кои веќе ба скоро договорени, туку и ги тера сегашните инвеститори да размислуваат на заминување, со што многу луѓе ќе останат без работа и егзистенција.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека недомаќинското работење на Владата го увиделе веќе граѓаните. Од таму велат дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради ПЕТ-центар, а вкупната инвестиција изнесуваше 16 милиони евра. Станува збор за најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена најсовремена опрема. ПЕТ- центарот овозможи примена на најсовремена метода за рано дијагностицирање на болести, нивно следење, лекување, како и следење на успешноста на терапијата.
-Неспособната влада на СДС расипнички потроши над 350 милиони евра преку задолжување и повлекување на девизните резерви за само 100 дена. За овие пари можеше да се изградат дури 21 ваков објект со најсовремена здравствена опрема. Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на владата на СДС. Потрошија три месеци и 350 милиони евра, а единствено од тоа резултат е набавката на мебел, лешници, фстаци, дебели хонорари за шарени револуционери, твитер ликови, анонимни поети и пропаднати комедијанти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.Според проспектите објавени денеска за аукцијата во вторник, најавено е ново задолжување. Предвидено е да се земат 15 годишни обврзници вредни 1.11

Пронајдете не на следниве мрежи: