СДСМ во предизборната кампања ветуваше еднаквост за сите граѓани, ветуваше дека новата влада ќе биде сервис на граѓаните, а веднаш штом дојдоа на власт ја почнаа политичката дискриминација.Наспроти ветувањата на премиерот Зоран Заев за департизација и деполитизација на институциите, уште на самиот почеток на неговиот мандат се забележува политичката дискриминација која ја спроведува неговата влада и членовите на СДСМ.
-Апелирам до оние на повисоките функции, до оние веднаш после нив и до оние на најниските функции да ми водите грижа за граѓаните оти ќе има оставки и разрешувања. Да бидете сервис на граѓаните, изјави Заев веднаш по избирањето за премиер.
Но само четири недели откако Заев седна на премиерската фотелја, се е различно од неговите ветувања.
Пратеникот Курто Дудуш објаснува што значи партиската книшка од СДСМ за обичниот човек и зошто е важно да се поседува.
–Да се биде член на СДСМ е голема работа. Дали ќе имате проблеми во Социјално за нешто најмало, дали нема да поминете на пешачки премин и ве казни полиција, дали ќе управувате со автомобил кој не е регистриран или не сте вклучиле светилки или пак не сте врзани со појас. Дали во некое министерство ќе ти треба некаков документ, дали кога ќе отидете на лекар, ќе ви треба познанство, дали ќе треба да се вработите во некое министерство, не знам, за икс работи за секојдневни потреби. Затоа ќе биде многу битно да имате таков документ, затоа што таа ќе ти биде втора лична карта, вели Дудуш.
Дали ова би значело дека Законите на Република Македонија нема да важат за сите граѓани? Дали оние со партиска книшка на СДСМ ќе бидат попривилегирани од другите во институциите кои се плаќаат од парите на сите граѓани без разлика дали се нечии партиски членови?
Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека однесувањето на Дудуш е срамно и скандалозно.
– СДС промовира политика според која законите нема да важат за оние што имаат членска книшка на СДС, изјави Костовски.
Според него, ваквото однесување на СДСМ е невидено во ниту една демократска земја. Тој вели дека не смее да се дозволи да се реализира политиката што ја промовираат пратениците на СДСМ ниту во болниците, ниту во социјалните установи.
– Не смее едни пациенти да се игнорираат само заради тоа што немаат членска книшка, а други да бидат привилегирани заради нивната партиска припадност. Колку и да се обидува СДС и нивните медиуми да го игнорираат скандалозниот настап на нивниот пратеник, ваквото однесување мора да се осуди и санкционира, посочи Костовски.Наспроти ветувањата на премиерот Зоран Заев за департизација и деполитизација на институциите, уште на самиот почеток на неговиот мандат се забележ