Централниот одбор на СДСМ, вчера ги комплетираше органите на партијата, што не се избираат на Конгрес.Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ, за генерален секретар, како и за потпретседатели на СДСМ.
Во функција на зајакнување на партијата, зголемен е бројот на потпретседатели на СДСМ.
За потпретседатели на СДСМ се избрани Оливер Спасовски, досегашниот генерален секретар на СДСМ, Мухамед Зекири, досегашен член на ЦО на СДСМ, Петре Шилегов, партискиот портпарол, Благој Бочварски, досегашен член на ИО и остануваат потпретседатели Дамјан Мачневски и Фросина Ременски.
За нов генерален секретар на СДСМ е избран досегашниот потпретседател на партијата, Александар Кирацовски.
За членови на новиот Извршен одбор на СДСМ, Централниот одбор ги избра Стефан Богоев, Рената Дескоска, Драган Тевдовски, Љупчо Николовски, Максим Димитриевски, Ѓоко Танаскоски Петар Атанасов,Спасе Глигоров, Есра Салихи, Нина Велкова, Хари Локвенец, Дијана Ќурчиска, Тања Ковачев, Аднан Џафероски, Маја Миленковиќ и Кети Василевска.
Со овој избор СДСМ наместо да се откаже, го награди Џафероски со место во Извршниот одбор поради тоа што сметаше дека името на државата е мизерија и тоа правејќи го преку своја поддршка на ФБ статусот на еден од идеолозите на СДСМ Бранко Тричковски.
Едногласно, Централниот одбор на СДСМ ги поддржа предлозите соопштени од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за членови на Извршниот одбор на СДСМ,