На штета на Македонија и нејзините граѓани, СДСМ е партија која нема или не сака да најде подобри кадри кои ќе ѝ ги понуди во функција на државата.Оние кои веќе еднаш ги разочараа граѓаните, повторно се изборот кој го нуди СДСМ.
Министри без проекти и решенија за граѓаните. Министри кои зад себе имаат низа скандали и контроверзии.
Ова ќе остане запишано во работната биографија на министрите и замениците министри на СДСМ:
Работењето на Фросина Ременски како министер во Министерство за труд и социјална политика
(11 ноември 2015 – 19 мај 2016)
Веднаш по назначувањето на Ременски на позиција министер на МТСП таа дава надлежност на претседателот на партиската комисија за труд и социјална политика на СДСМ Мила Царовска иако не е вработена во министерството, да одобрува или цензурира било кој одговор до граѓаните, што е спротивно на кодексот за професионално однесување на администрацијата и претставува еклатантен доказ за партизација на министерството.
Ременски ги остави прифатните центри без достоинствени услови, греење и затоплени шатори и објекти во центрите на северната и јужната граница, иако таа и министерството имаат добиено грант од Банката за развој при Советот на Европа, во износ од 2 милиони евра во почетокот на ноември 2015 година токму за овие намени. Поради ваквото неодговорно однесување и неажурност на Ременски илјадници сириски мигранти, жени и деца се смрзнуваа секој ден.
Неколку месеци одбиваше да ги потпише документите за ставање во функција на градинката во Јегуновце, иако жителите на оваа општина бараа итно истата да се стави во функција за да можат да ги извршуваат своите секојдневни обврски и нивните деца да бидат на сигурно.
За месец и половина откако Ременски беше назначена на функцијата министер, таа не покажа интерес за ниту еден проект напротив направи застој на околу 230 предмети кои што не ги реши во законскиот рок поради нејзините смислени опструкции и партиски наредби. Исто така во неколку постапки Ременски го прекрши Законот за јавни набавки во обид да ги закочи започнатите проекти со што предизвика незадоволство и гнев кај граѓаните.
Фросина Ременски за првпат ја прекина долгогодишната традиција откако како министер за труд и социјална политика не го посети првороденото дете во Новата година.
Сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски, спротивно на законот за внатрешните работи, без никаков интерен оглас беше унапреден за четири позиции од страна на Оливер Спасовски. Од самостоен инспектор во ПС Гази Баба тој е унапреден на позиција генерален советник – инспектор во кабинет на УБК што претставува незаконски скок од четири нивоа и рушење на целиот систем за кариера во МВР.
Ременски незаконски дава легитимитет на реизборот на Пецо Грујовски за претседател на УПОЗ и со тоа е директен учесник на законите на Р.Македонија и силен поддржувач на незаконското работење и криминалите на досегашниот претседател на УПОЗ Пецо Грујовски. Ременски наместо да го штити Законот, таа го подржува лицето Пецо Грујовски кој го украде демократското право на глас на Членовите на синдикатот на УПОЗ.
Таа со еднострана одлука разреши 15 директори на центри за социјални работи и јавни установи единствено поради смислен политички реваншизам и блокада на започнатите проекти и партизација на министерството. Поради ова, Ременски заработи тужба од страна на тогашниот заменик – министер Диме Спасов. Поради политичкиот реваншизам на Фросина Ременски страдаа 15 семејства. Таа го прекрши Законот за Владата на Република Македонија и заборави дека нејзината примарна функција како технички министер е во насока на спроведување на Законот и спроведување на избори, а не за политички одмазди и воведување општ хаос во политиките за вработување, хаос во функционирањето на институциите и кочење на проекти во интерес на граѓаните.
Фросина Ременски ги остави вработените во Министерството за труд и социјална политика, вработените во 30 центри за социјални работи и 9 јавни установи како и корисниците згрижени во институции под капата на министерството без осигурување. Неосигуран е целиот движен и недвижен имот, како и сите моторни возила на министерството во 2016 година. Ременски со својата постапка без осигурување стави и подложи на опасност 2.448 луѓе вработени во министерството, центрите за социјална работи и јавни установи како и 566 корисника сместени во јавните установи и целиот движен и недвижен имот на министерството, иако за таа намена од Буџетот на министерството било издвоено 4.000.000 денари.
Ременски остана запаметена по хаосот кој го направи во МТСП, политичките притисоци и реваншизмот кој го вршеше врз вработените и одговорните лица во институциите под МТСП.
Фросина Ременски од неразбирливи причини го блокираше проектот „Се грижиме за топол дом“ кој што веќе две и пол години им помагаше на семејствата од социјален ризик. Овој проект беше широко прифатен во општеството, подржан од компании, јавни личности, граѓански здруженија и преку него се реализирани 1800донации за социјално ранливи и загрозени категории на граѓани. Повеќе од еден месец огромен број на граѓани не можеа да ги користат бенефитите од овој благороден проект поради тоа што Ременски одбиваше да склучи договор со фирма за превоз како и за сите други проекти за кои досега медиумите известуваа.
Ременски направи целосна партизација на Центрите за социјална работа и јавните установи. Таа разреши уште 6 директори на Центри за социјална работа како и двајца директори на Јавни установи при што се јасно се гледа решеноста на Ременски за партиски чистки и одмазди.
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов поднесе девет тужби за незаконско работење и прекршување на административните процедури и предлози за времени мерки против министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски.
Иако Центарот за деца со оштетен вид во Кисела Вода функционираше од октомври 2014 година и беше од голема потреба и поддршка за слепите дечиња и нивните родители, Ременски реши да донесе одлука да го затвори овој дневен центар.
Несовесното и неодговорното работење на Ременски и нејзиниот кадар се одрази на здравјето на децата во јавната установа за доенчиња и мали деца во Битола каде што беше констатирана појава на заболени шест мали деца и три доенчиња од шуга (скабиес). Во тој момент, јавната установа беше раководен од страна на партискиот кадар на Ременски и СДСМ Соња Илијевска.
Фросина Ременски се обиде да сокрие од јавноста несреќен случај во кој што беше повредена штитеничка од Јавната установа за згрижување на деца „25 мај“. Наместо да им служи на граѓаните, таа се обиде да го сокрие и премолчи овој инцидент и продолжи со праксата и нејзиното нетранспарентно работењето да не одговара на прашања кои не и се допаѓаат, а се нејзина работа и одговорност. Ваквото однесување на Фросина Ременски е само уште една потврда за неспособноста да се справи со проблемите и предизвиците кои ескалираа со нејзиното работење и потврда за хаосот кој владее во ресорот труд и социјална политика.
По осум месеци работа во бегалскиот камп Винојуг без никакво образложение избрка од работа 44 роми.
Фросина Ременски и нејзинио кабинет одлучија да се стопира уште започнат еден проект кој е во интерес на најранливата категорија на граѓани. Проектот „Бесплатна рехабилитација и рекреација на деца со пречки во развојот во социјална установа за згрижување и рехабилитација на деца и младинци од 6 до 26 години и возрасни лица со телесен инвалидитет” е проект кој повеќе од три месеци беше стопиран и не се реализираше, а кој започна да се реализира во 2014 година и со него беа опфатени 285 деца со пречки во развој и 285 родители односно 570 корисници.
Ременски повеќе од 4 месеци одбиваше да регистрира над 40 синдикални организации на СОНК.
Одбиваше да го потпише решението за вршење дејност за новата градинка Гоце Делчев во Општина Илинден, иако беа целосно исполнети условите и комплетно беше опремена новата градинка во општина Илинден која што требаше да прими нови 170 дечиња.
Фросина Ременски и нејзиниот сопруг се закануваа, вршеа притисок и јавно ги навредуваа новинарите на Сител и Вечер, поради објавени текстови кои не им се допаѓаа.
Ременски одбиваше да потпише записници со кои ќе можеше да започне распределба на 119 социјални станови и истовремено бараше лице кое е во блиски релации со функционер на СДСМ и кое не ги исполнуваше критериумите да добие социјален стан.
Работењето на Оливер Спасовски како министер во Министерство за внатрешни работи
(11 ноември 2015 – 19 мај 2016)
Уште на првиот ден од неговото техничко именување во министерството за внатрешните работи Оливер Спасовски одбрал луксузно ауди за службено возило кое впрочем било запленето во една полициска акција за криумчарење на хероин.
Исто така, веднаш по назначувањето на Оливер Спасовски за министер во МВР, започна луксузирањето по кое што е позната СДСМ. Оттука, постоечките бироа и канцелариска опрема не биле доволно луксузни за тимот на технички назначениот министер за внатрешни работи па до надлежните организациски единици била издадена наредба веднаш да им биде донесена сосема нова опрема.
Веќе вториот ден по назначувањето на Оливер Спасовски, тој испрати скандалозна телеграма со која што ги одзема овластувањата на раководните лица во МВР, создавајќи целосен хаос и комплетна нефункционалност и безредие во министерството, како и разнебитување на безбедносниот систем. Неполни 24 часа по донесување на првата одлука со која ги одзеде овластувањата од сите вработени во министерството, донесе нова одлука со која и практично си ја поништи претходната за која СДСМ се правдаше дека била само техничка.
Тој со наредба им наложил на своите вработени да водат партиска агенда и да се пресметуваат со медуми кои не се под контрола на СДСМ.
МВР под раководство на Оливер Спасовски работи целосно нетранспарентно. Новинарите од министерсвото не можеа да добијат инфомации и одговори и за тоа мораа да поднесуваат посебни барања за кои одговор се чекаше и со денови, а со самото тоа се попречуваше навремено информирање на граѓаните.
Оливер Спасовски злоупотребуваше службени ресурси и државни возила за присуство на партиски настани и трибини.
Тој беше директно вмешан во аферата за фалсификување на лични карти, пасоши и други документи. Во јавноста излегоа фотографии каде се гледаше дека Оливер Спасовски лично ги познава фалсификаторите на лични карти, пасоши и други документи. Исто така, аферата откри дека Оливер Спасовски бил и во директна и интензивна комуникација подолг временски период со осомничените за оваа афера. Од друга страна, уште по скандалозно е тоа што Оливер Спасовски од позиција на министер, очигледно поради неговата вмешаност во аферата, упорно повикуваше да не се брза со истрагата за една од најголемите афери во Република Македонија.
Оливер Спасовски веднаш по назначувањето започна со извршување на желбата на Заев за смени „од хигиеничарка до министер“. Без никакво образложение и правна поука, Спасовсски направи директен партиски упад и удар врз професионалните структури во полицијата и одлучи да ги разреши првите луѓе на Скопската, Кумановската, Битолската, Велешката и Охридската полиција.
Го награди сопругот на Фросина Ременски со унапредување од четири позиции во МВР. Без никаков интерен оглас Спасовски спротивно на Законот за внатрешни работи го унапреди сопругот на технички назначената министерка Фросина Ременски за цели четири позиции. Сопругот на Фросина Ременски, Јовче Ременски, од страна на Спасовски беше унапреден од самостоен инспектор во полициската станица Гази Баба на позиција генерален советник – инспектор во Кабинет на УБК, што е незаконски скок од четири нивоа, односно рушење на целиот систем за кариера во МВР. Освен сопругот на Ременски, Спасовски својот кабинет го наполни и со партиски кадри на СДСМ кои претходно немале никакво искуство во полиција. Горан Трајковски, кој претходно беше претседател на партиска комисија за информатичко општество на СДСМ го назначи за државен советник за телекомуникации и информатика. Магдалена Несторовска која е советник на СДСМ во Општина Карпош, Спасовски ја назначи за државен советник за човечки ресурси.
Оливер Спасовски беше фатен на дело како се обидува да измисли афера за наводни 70 000 фалсификувани возачки дозволи иако знаел и бил навремено информиран дека се работи за грешка од Германската компанија „Веридос“ кој ги изработува возачките дозволи во Македонија.
Оливер Спасовски не го почитуваше одлуките на Управниот суд кои се однесуваа на незаконските разрешувања во МВР (29) се со цел да ги задржи незаконски инсталираните партиски кадри на раководни позиции во МВР.
Беше директно одговорен и инволвиран во противправното лишување од слобода на единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко.
Не спроведе ниту една организирана акција за сузбивање на криминал за цели три месеци. Тој остана запаметен по грубата партизација на МВР, како и мега скандалот со членот на СДСМ Захир Бекири- Чауш, каде беше откриена блиска соработка на раководството на СДСМ, Заев и Спасовски, со криминалец како Чауш. Дополнително, без налог беше уапсен единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко.
Оливер Спасовски покажа дека нема капацитет ниту волја да се справи со протестите во Бутел при поставувањето на крстот. По наредба на Спасовски полициските екипи останаа нем сведок на дивеењето и вандализмот во општина Бутел, а тој пак се стави во одбрана на хаосот и беззаконието кое вчера се случуваше на местото каде планирана е изградба на крст.
Со скок од шест места во хиерархијата на МВР во Струмица како помошник на началникот го постави Танчо Пројковски кој што е татко на Даниел Пројковски, еден од првите луѓе во обезбедувањето на Зоран Заев и истакнат активист на СДСМ. Исто така, Оливер Спасовски донесе уште едно партиско решение за унапредување во МВР. Со тоа решение, спротивно на законот, повторно за 6 нивоа го унапредил Љупчо Трајковски, инспектор во УБК Штип и партиски кадар, поставен за помошник во СВР Штип кој исто така е познат како активист на СДСМ во Штип. Претходно Спасовски го ангажираше како советник и членот на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ Едмонд Адеми, кој стана познат на јавноста со повиците да се лее крв по улиците. Исто така, во кабинетот на Спасовски функција доби и членот на партиската комисија за безбедност на СДСМ Владимир Пивоваров. Сите овие партиски назначувања во МВР Оливер Спасовски ги реализира спротивно на правосилните одлуки на Управниот суд.
Оливер Спасовски очигледно повеќе беше ангажиран околу организацијата на протестите кои СДСМ ги организираше пред Уставниот суд, отколку за алармантната ситуацијата со мигрантите на јужната граница која што излегуваше од контрола.
Партискиот кадар на Оливер Спасовски, Кристина Николовска, новоименувана началничка на Оделение за криминалистичко разузнавачка анализа, била затекната на Граничен премин Меџитлија во патничко возило во кое се превезувал и дилер од Битола, познат под прекарот „Боцката“, кој со себе носел наркотици. Во моментот кога биле запрени од полицијата, дилерот се обидел да ја голтне прашкаската материја, но не успеал. Од страна на полицијата бил извршен претрес и покрај заканите на началничката дека била блиска со министерот Оливер Спасовски. Инаку и сопругот на новоименуваната началничка Николовска е вработен како инспектор во МВР и важи за близок до Миле Зечевиќ.
Оливер Спасовски изврши разорување на безебдносниот систем на Македонија. Сменети се професионалци кои поминале бројни обуки по НАТО стандарди организирани од ИЦИТАП и меѓународни релевантни организации. Овие професионалци се обучувани и наградувани за својот придонес од сите меѓународни релевантни организации за на нивно место да бидат поставени неискусни партиски послушници.
И покрај одлуката на Владата со која се суспендираат сите поединечни решенија на министрите за МВР, Оливер Спасовски беше дециден дека нема намера да ја почитува и инсистираше и вработените исто така да постапуваат.Тој во интервју за Дојче Веле се закани со кривични пријави за секој вработен во МВР што ќе ја почитува одлуката на Владата.
Спасовски не се појави и не најде време да искаже јавна благодарност до припадниците на македонските безбедносни сили кои лани ги положија своите животи во Диво Насеље во тешка битка против терористите.
По лична ургенција и барање на партискиот кадар на Оливер Спасовски, Примислав Димовски кој го назначи за Командир на Алфите, беше ослободено лицето Фљорим Ш. од Арачиново претходно приведено во полициската станица во Центар, поради поседување на ладно оружје и не поседување на личен документ за идентификација, со што се докажува непрофесионалноста на кадрите во МВР на Спасовски.
Над 170.000 евра ги чинеше граѓаните неуспешната полициска акција која во април годинава ја водеше тогашниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Без да уапси ниту едно лице, Спасовски ангажирал 1495 полициски службеници кои за потребите на акцијата реализирале 32.226 работни часови, за што граѓаните платиле 130.684 евра. Само за храна за полициските службеници, поради промашената акција на Спасовски, граѓаните платиле 21.359 евра за вкупно 4.400 оброци. Спасовски ангажирал и 176 возила на МВР и 6 автобуси. Сите заедно вкупно поминале 1506 километри. Најмногу се користеле возилата „Џип Чироки“ а по нив „Пинц гауер“ и „Дефендер“. Ниту хеликоптерите на останаа во хангарите на МВР. Спасовски 22 пати ги подигнал полициските транспортни хеликоптери М17 за да врши транспорт, што вкупно чинело 22.000 евра. Два дена сееше страв меѓу граѓаните, особено во Липковскиот регион за на крајот да излезе пред камерите и да ја излаже јавноста дека воопшто немало полициска акција, иако за тоа, потрошил вкупно 175.000 евра.
Работењето на Александар Кирацовски како заменик – министер во Министерство за информатичко општество и администрација
(11 ноември 2015 – 19 мај 2016)
Александар Кирацовски преку изрекување на закани, невистини и манипулации во јавноста се обиде да ја реализира деструктивната политика на СДСМ за блокирање на работата на ДИК, а со тоа и свесно да го попречи одржувањето на изборите преку искажување на невистини за избирачкиот список.
Активно се обидуваше да го урне проектот „Компјутер за секое дете“. Додека во проектот беа вклучени стотина инженери, проектанти и наставници и кој ден денес успешно го користат голем број ученици ширум државата, Кирацовски само заради партиски интереси скаше да фрли дамка врз овој проект.
Единствена задача на Кирацовски и луѓето кои што ги распореди во својот кабинет беше нивната несовесност, неодоговорност и незаинтересираност да ја префрлат врз луѓето деноноќно работејќи професионално и стручно си ја извршуваа својата работа во МИОА.
Кирацовски го искористи пилот проектот „Оценување на администрацијата“ за да влее страв дека министерството ќе отпушти 1700 вработени во јавната администрација. Имено, проектот не содржеше ниту казни, ниту наградувања, туку беше пилот проект.
Кирацовски како заменик министер во МИОА ја злоупотреби позицијата и од министерството изнесе службени податоци за вработени во администрацијата и тие списоци ги депонирал во штабот на СДСМ. На овие списоци се наоѓале лични податоци на вработените и истите беа искористени и објавени од опозициските медиуми.
Работењето на Љупчо Николовски како заменик – министер во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
(11 ноември 2015 – 19 мај 2016)
Љупчо Николовски јавно пласираше лаги потврдувајќи ја својата некомпетентност и деструктивност како неговата, така и на неговите советници чија што задача беше да се искриви и лажно да се претстави сликата за македонското земјоделство.
Николовски јавно изнесе неточни информации во врска со компанијата Фактор Консалтинг во однос на проектот „Јапонска помош“. Тој за клеветите дека парите биле исплаќани без покритие веднаш беше демантиран и беше најавена тужба од страна на компанијата кон Љупчо Николовски.
Како заменик министер доби тужба за изнесување на лаги, манипулации и невистини од компанијата Земсил поради клевети дека наводно имале добиени субвенции, а дека Земсил претходно имала долгови кон министерството за земјоделство.
Николовски неосновано и без докази ја обвини Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството за противзаконско работење за што подоцна Агенцијата ги покажа во јавноста сите документи и аргументи со цел да се демантираат сите неосновани и нарачани обвинувања од страна на Николовски.
Иако правник по професија, тој како заменик министер свесно ги прекршуваше законите во Македонија. Работата на Николовски во МЗШВ не беше да работи во интерес на земјоделците, туку да сее лаги и невистини помеѓу земјоделците со цел да ги урне позитивните проекти кои што даваа одлични резултати.
Во политичката хајка што ја водеше Љупчо Николовски, тој се обиде да предизвика немир кај јавноста дека наводно храната не се мониторира и не е безбедна.
Работењето на Кире Наумов како заменик – министер во Министерство за финансии
(11 ноември 2015 – 19 мај 2016)
Со назначувањето на Кире Наумов за заменик министер за финансии за прв пат по 10 години стана неизвесна исплатата на пензиите. Наумов најави вето на редовната аукција за државни записи предвидена со Буџетот за 2015 година со што ќе се попречеше редовната исплата на пензиите.
Континуирано како заменик министер правеше притисок врз банките за свои партиско политички цели.
Наумов стави вето за новото задолжување со што се јави страв кај граѓаните од можно доцнење на плати, пензии и социјална парична помош.
Ја продолжи традицијата на СДСМ на сеење страв околу банкрот на Република Македонија кој години наназад се докажа дека е само пуста желба и шанса за СДСМ да дојде на власт.Оние кои веќе еднаш ги разочараа граѓаните, повторно се изборот кој го нуди СДСМ.
Министри без проекти и решенија за граѓаните. Министри ко