Анкетите на релевантни институции кои го мерат јавното мислење им предочија на Зоран Заев и на неговата партија дека следните избори, кога и да бидат, ќе значат и десетти пораз за нив.Затоа СДСМ не поднесе кандидатски листи за пратеници во законскиот рок и на тој начин уште еднаш призна дека ја нема поддршката од македонските граѓани.
На „Бихаќка“ им е сосема јасно дека и покрај сите деструкции и сценарија, покрај насилни протести и „бомби“, рејтингот на нивната партија не само што не е во пораст, туку бележи и пад. Граѓаните со секоја наредна анкета покажуваат дека имаат се помалку доверба во опозицијата.
На тој начин, граѓаните го осудија мрачното сценарио и деструктивното однесување на СДСМ. Од друга страна, рејтингот на владејачката партија се уште е најголем и расте. Народот искажува доверба на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во таа партија ја препозна и поддржа патриотската политика и економијата која дава огромни резултати.
Аналитичарите велат дека резултатите од анкетите се очекувани. Тие сметаат дека СДСМ нема ниту да се доближи до високиот рејтинг на ВМРО-ДПМНЕ ниту на среден рок, а многу е веројатно дека тоа нема да се случи ниту на долг рок.
СДСМ бега од избори поради својот низок рејтинг, недовербата која ја „уживаат“ кај граѓаните, поради тоа што десетта година се во опозиција, креираат деструкции, а не програма. Сите останати тези на СДСМ за тоа зошто не одат на избори беа побиени со факти и докази од надлежните институции.Затоа СДСМ не поднесе кандидатски листи за пратеници во законскиот рок и на тој начин уште еднаш призна дека ја нема поддршката од македонските гра