СДСМ не сака да признае пораз поради дадените ветувања на Албанците за двојазичност

Американскиот амбасадор се обиде да го промени изборниот резултат на демократски избори.Американскиот амбасадор се обиде да го промени изборниот резултат на демократски избори.
Победата на македонската десница е всушност историска, бидејќи е тоа нејзина десетта, јубилејна, покрај сите притисоци од страна на опозицијата потпомогната од странство.
Се оценува дека десницата не го изгуби својот електорат, но дека се намали разликата на левицата, за која, за прв пат во историјата, масовно гласале Албанците.
Луѓето избрале партија која својот народ го поставува пред политиката на Европската унија и САД, медиумите го осудија чинот на американскиот амбасадор, кој во недела навечер ја посети Државната изборна комисија, за да влијае врз резултатот на изборите.
„САД се меша во избори на една демократска држава, но за тоа не се казнети. Уште пред самите избори американската амбасада вршеше притисок врз судската власт и обвинителство, за да спречат објавување на тајни податоци, добиени од страна на тајните служби.“ додаваат аналитичарите.
Албанците за прв пат во историјата гласале за една од двете најголеми македонски партии
Непишано правило е владата секогаш да е составена од победничките партии на Македонците и Албанците. Десницата има приближно 100.000 поддржувачи повеќе од левицата и е на власта со години, А левичарската партија СДСМ на овие избори разликата на гласачи се обиде да ја надополни со гласовите на Албанците.
„За прв пат во историјата на независна Македонија се случи партијата СДСМ да добие гласови во руралните средини со албанско мнозинство во кои по правило се гласа под влијание на имами.“ – овој пресврт е целосно изненадување за политичките аналитичари.
Што е причина приближно 80.000 Албанци да гласаат за СДСМ и не за една од нивните партии останува отворено прашање, на кој одговор нема ниту македонскиот амбасадор во Словенија Томи Димитровски:
„Се плашам делка албанските гласачи добиле одредени ветувања од страна на социјал демократите и дека тоа не се работи за некаква добра економска програма. Сметам дека е тоа еден вид договор помеѓу партијата и Албанците, се работи за сосема нова состојба во Македонија.“
Македонските социјал демократи имаат поддршка од своите европски колеги, но никој не им понуди толку поддршка како словенечки СД. Врските помеѓу македонските и словенечките социјалдемократи се според него и идеолошка, но и од бизнис природа.
Корупцискиот скандал во Македонија во 2010. година покажа дека тогашниот претседател на македонските социјалдемократи Бранко Црвенковски соработувал со тогашниот претседател на владата Борут Пахор, македонските левичари за советување платиле преку 340 илјади евра.
Словенечката СД исплете тесни бизнис и идеолошки врски со македонските политички пријатели
Социјал демократите меѓу себе испреплетоа многу јаки бизнис врски, наводно постои и посебна врска помеѓу градоначалникот на Струмица и шерифот на Копер Борис Поповиќ.
Општина Копер на македонските социјалдемократи им отвори партиски штаб, за да добијат неколку гласа на изборите во македонската дијаспора.
Агенцијата Пристоп е наводно поврзана и со поранешниот шеф на македонската тајна служба, удбашот Слободан Богоевски, кој бил уапсен поради обид за кривично дело продажба на земјиште во Скопје, за да на тој простор се изгради Меркатор центарот. Тогаш претпријатието Пристоп бил и претставник на Меркатор за Македонија.
„Се разбира македонската левица преку словенечките социјалдемократи се обидува да дојде до европскиот комесар, и отвора прашања кои се во нивен интерес и исто така затвара прашања кои не се во нивен интерес.“ додаваат аналитичарите.
Левицата не ги признава изборите, спротивставување на волјата на граѓаните би била голема грешка
Иако се чини дека партијата СДСМ за заминување на десницата од власт ќе треба уште малку да почека, сега за сега изгледа, дека иако е тесен поразот, тие не сакаат да го признаат.
Нивниот претставник веќе поднесе приговори на резултатите, кои во понеделник навечер во 22 часот се објавени од страна на Државната изборна комисија.
Македонскиот амбасадор во Словенија се сомнева, дека исходот може да се смени, бидејќи истото не се случило никогаш во историјата на државата, и исто така не би било многу паметно да се игра со волјата на македонските гласачи и да не се признае исходот.
„Таква влада навистина не би можела да опстане.“ тврди Димитровски.
Димитровски се надева дека десницата ќе успее да формира стабилна владина коалиција и да ја прекине предолгата криза, нема сомнежи дека претседателот на државата ќе додели мандатот за формирање на влада на победниците на изборите. Истото да се случи што поскоро е, според неговите зборови, важно и за Словенија и за Европска унија.
„Во Скопје треба што побргу да се формира стабилна влада, која мора да е доволно силна за да продолжи со политиката на нејзината претходничка, која во минатата година, за време на мигрантскиот бран изврши вонредно работа на македонската јужна граница и ги запре мигрантите на балканската рута. Кога времињата за Словенија и за севкупниот шенгенски простор беа најтешки, македонската полиција и војска ја завршиле својата работа, системот функционирал.“, додава Димитровски.
(Лика Светина)Американскиот амбасадор се обиде да го промени изборниот резултат на демократски избори.
Победата на македонската десница е всушност истори

Пронајдете не на следниве мрежи: