СДСМ не се откажува од обидите политички да профитира од туѓата несреќа

Функционерите и активистите на СДСМ изминативе 10 дена покажаа целосна негрижа и несолидарност кон граѓаните кои беа зафатени од катастрофалното невреме кое со себе зеде и жртви.Додека Македонија е на нозе по големите поплави, властите на терен деноноќно ја набљудуваат состојбата и превземаат мерки, а граѓаните масовно се сплотија во хуманост, СДСМ единствено се обидува да профитира од оваа голема несреќа.
Активистите на СДСМ кои се платени од Сорос наместо да им помагаат на сограѓаните, изминатата недела ја поминаа на трибини во Косово, а фрлаа боја во Битола.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев се појави во поплавените подрачја за да позира пред камерите. Жителите од Стајковци коментираат дека членови на СДСМ постојано на терен се обидуваат да внесат политика во оваа катастрофална ситуација, кажувајќи како за секоја работа прават поделби на граѓаните кој од која партија бил, но и дека постојано “пребацуваат“ на луѓето кои заедно со војската, волонтерите и лицата од комуналните претпријатија си ги чистат своите уништени домови. Поделби според партиска линија на граѓаните Заев и СДСМ правеле и при посетите на домовите каде се посетувале исклучиво дворовите и домовите на членовите на СДСМ.

Освен што се сликаа, праќаа и луѓе да свиркаат и провоцираат инциденти.
Медиумите веќе пишуваа и објавуваа фотографии со функционерите на СДСМ кои во кризните региони доаѓаат со желба само да направат што е можно поголем број на фотографии за ФБ со неколку партиски членови и веднаш потоа со своите скапи коли да заминат од кризните региони. За јавноста ваквото однесување на СДСМ кон овие катастрофални поплави и огромни штети кои се случија во државата, претставува страшно лицемерие како кон жителите од местата погодени од поплавите така и кон целата јавност во државата.
Но, Заев најде време за забава и релаксација. Тој организираше дружба со Аца Лукас и уживаше во гласна целовечерна фолк музика. Се фотографираше со млади струмичанки чекајќи да започнат настапите.
 
Додека Македонија е мобилизирана, социјалните мрежи вријат од повици за хуманост, граѓани се самоорганизираат да помогнат на настраданите граѓани во елементарната непогода, општини ги откажаа нивните годишни фестивали и ги презакажаа за друг датум, еден од најдобрите поети Никола Маџиров ја донираше наградата за најдобар поет во Европа за настраданите, Зоран Заев парите на струмичани наместо во хуманитарни цели ги “фрли“ на Аца Лукас кој вчера пееше во Струмица.
-Со апсолутно умртвено чувство за човечност, емпатија и солидарност вечерва струмичкиот градоначалник „ладно“ ќе истресе најмалку 30.000 евра пари на струмичани за српската турбо-фолк ѕвезда Аца Лукас, пишува порталот Инфомакс.
Додека Заев уживаше во концерти, на терен го прати Оливер Спасовски. Но, овој политичар се однесуваше како да не знае каде е дојден и што таму се случуваше.
Спасовски преспа цела недела, на терен парадираше
СДСМ ја продолжи праксата на парадирање во кризните поплавени подрачја со евтини штосови за промоција преку 15 минутно сликање во домови на партиски активисти на СДСМ и лажна солидарност, а  генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, краткото парадерство го искористи и за давање на совети што требало да се прави во кризните региони и како да ја преспал целата недела, побара да се правело се што изминативе денови се прави во кризните региони.
На терен излезе пред само три дена иако невремето се случи пред 10. Спасовски не знаеше што се спроведе и како се постапуваше, па срамно предлагаше да се направат работи кои веќе беа превземени.
Срамно: Пратениците на СДСМ се смеат во Собрание
Врв на лицемерието на партијата која цела деценија е во опозиција поради своето однесување, беше испадот на пратениците на седницата посветена на состојбата во регионите погодени од елементарната непогода.

Очигледно СДСМ задлабочени во сопствената кал, безидејност и неможност да се идентификува како сериозен политички фактор, продолжува со ад-хок чекори за кои мислат дека на кус рок ќе им донесат ситен политички поен. Наместо реална помош, на терен активизмот на СДСМ се состои во герила акции, нешто што нивните перјаници не го кријат.
Тие праќаат на терен и луѓе од други градови за да прават сцени и да сценираат инциденти. Нивните активисти за пари глумат жртви, пред жртвите од поплавите. Ваков срам е премногу дури и за СДСМ.
Не престанува политиканството и обидот на СДСМ да се поентира на несреќата на граѓаните од поплавените подрачја во скопско.

СДСМ организирааше инцидент во кој нивен активист го нападна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Напаѓачот во медиумите под контрола на СДСМ беше претставен како граѓанин од поплавените подрачја и истиот опишан како жртва на напад од страна на обезбедувањето на Груевски, а всушност напаѓачот беше истуркан од месното население, на кои им е веќе преку глава од ваквите обиди на одредени политички партии да ќарат политички поени. Ова лице е од Прилеп, а пред неколку дена во Скопје имаше за цел да предизвика инцидент. Тој не е погоден од поплавите, а за да оствари политички поен за опозицијата, гази по судбината на лицата кои претрпеа загуби.
Соросовите платеници се исмеваа преку социјалните мрежи
Додека Македонија тагува, платениците на СДСМ и СОРОС уште еднаш покажаа целосна негрижа. Тие се исмеваа, навредуваа, понижуваа… 
 
 
 
 
 
 
Сега неодговорното однесување ќе го покривааѕ со уште поголемо лицемерие. Тие сакаа да организираат протест наводно загрижени поради состојбата. Зад протестот беше најавено да стои невладината на братучедот на Радмила Шекеринска, но истиот пропадна кога воочија дека народот ја прочита и осуди нивната “луда идеја“.Додека Македонија е на нозе по големите поплави, властите на терен деноноќно ја набљудуваат состојбата и превземаат мерки, а граѓаните масовно се с

Пронајдете не на следниве мрежи: