СДСМ не успеа да ја изманипулира јавноста. Опозициската партија е во очај откако им беше разоткриен планот за фабрикување фалсификувани документи.Партијата која ја води Зоран Заев влегува од еден во друг фалсификат. Тие продолжуваат со користење на фалсификувани, сечени, лепени и манипулативни материјали. Но, фактите излегоа на виделина и јавноста стана сведок дека СДСМ е дебело замешана во фалсификати.
Фалсификуваната фотографија се обидоа да ја пуштат на социјалните мрежи, а за срамот да биде поголем се дрзнаа оваа лажна фотографија да ја размавтуваат и опозициските пратеници во Собранието.
Опозиционерите го допреа дното, па наместо аргументи на синоќешната седница се користеа со лаги. Функционерите на СДСМ треба да знаат дека „на лагата и се куси нозете“.
Народот се смее на евтините обиди да се исперат од фабриката за фалсификати во која длабоко се загазени СДСМ и нивниот технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Сето она што деновиве беше објавено во медиумите докажа дека СДСМ е во коалиција со криминалното подземје.
Потезите кои ги прават послушниците на Заев се доказ дека нервозата кај СДСМ расте секој ден. Затоа тие прават нелогични чекори, фалсификати и монтажи со што станаа мета на потсмев кај македонскиот народ.
На фотомонтажата од СДСМ можат да се забележат крупни грешки кои се воочливи и за аматери. Откако се откри дека постои тесна поврзаност помеѓу фалсификаторите на лични карти со СДСМ и Оливер Спасовски, опозиционерите во паника прават крупни грешки.
СДСМ сакајќи да се испере за очигледната поврзаност и соработка, направи фотомонтажа на еден од фалсификаторите и премиерот Никола Груевски. Не само што веднаш се докажа дека фалсификаторот е сликан не со Груевски, туку со друга личност, туку и самата монтажа е со мал милион аматерски грешки.
Па така, воочливо е дека сенките на фигурите се различни и паѓаат под различен несвојствен агол. Истовремено, сликата од каде фигурата на Груевски е исечена и употребена е фотографирана со блиц и затоа е потемна, а сликата каде е еден од фалсификаторите на СДСМ е без блиц и е на дневна светлина.
Истовремено, аглите на сликите се менувани со цел да се направи соодветен агол на прикажување, дури и пикселите на самата фотографија се различни, што покажува дека се работи за фотомонтажа.
Со ова само се надзира паниката во редовите на СДСМ која што говори за кашата во која раководството ја вплетка партијата.
Партијата која ја води Зоран Заев влегува од еден во друг фалсификат. Тие продолжуваат со користење на фалсификувани, сечени, лепени и манипулативн