СДСМ нема идеја како ќе го изведе реизборот на судиите

Социјалдемократскиот сојуз нема стратегија како ќе се изврши генералниот реизбор на судиите, што во неколку наврати го најавува нивниот претседател Зоран Заев како приоритет на евентуалната нова влада под негово кормило. Од партијата велат дека распуштањето и реизборот нема да се случи лесно и едноставно, но засега немаат изготвено стратегија, пишува Дневник.Сепак, подготвени се да иницираат измени на правните акти со кои се регулирани мандатот и изборот на судиите за реизборот да се направи. Се надеваат дека откако ќе формираат влада, ќе имаат поддршка од сите останати политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, за да ги распуштат и повторно да ги избираат судиите.
Според нив, толкувањето од страна на претседателот на Судскиот совет, Зоран Kараџовски, но и други правни експерти кои се јасни и децидни дека е противуставно и незаконски реизбирањето на судиите, нема значење.
– Реизборот на судиите мора да се направи. Постојат докази за криминални дејства на некои судии, значи реизбор е неопходен. Но, откако ќе се формира влада, ќе мора да се направи политички договор со сите останати политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ, за да се спроведе планираната стратегија. Ова не го прави СДСМ за себе, туку за доброто на сите – велат од раководството за „Дневник“.
За какви докази за криминал станува збор, не откриваат. На прашањето како ќе се изведе реизборот кога нема законска и уставна рамка, односно дали ќе се менува Уставот, за што, пак, е неопходно двотретинско мнозинство, од „Бихаќска“ тврдат дека негова промена не била неопходна. Сигурни се дека се доволни законски измени за да може да го спроведат. Но, како кога и за измена на законот со кој се регулираат мандатот и изборот на судиите треба двотретинско мнозинство?
– Распуштањето и реизборот може да се спроведат и ако се смени законот за судовите, но затоа велиме дека ќе ни треба политички договор со сите останати страни – нагласуваат од СДСМ.
Вака гледано, реизборот на судиите е невозможен оти ВМРО-ДПМНЕ нема да го обезбеди неопходното двотретинско мнозинство за измена на законот, на што СДСМ се надева. Оттука, во овој момент и од оваа формално-правна перспектива е јасно дека распуштањето и реизборот остануваат само најава, односно закана. Вака за „Дневник“ ја протолкува и Kараџовски завчера. Според него, секое повторување на генерален реизбор на судии, какво што се случуваше во минатото кога СДСМ ја имаше власта, за Судскиот совет претставува закана и мешање во нивната непристрасност и самостојност, но, пред с`, е притисок врз неговата работа како чувар на независноста и самостојноста на судството и угледот на судиите.
Kако што објасни Kараџовски, според она што е одредено во Уставот, а е преточено во Законот за судовите, мандатот на судиите е траен до навршени 64 години.
– Во амандманот 28 од Уставот е регулирана правната позиција на Судскиот совет. Во овој амандман е наведен и составот, колку членови на Советот се од редот на судиите, колку се по функција, колку се избираат од Собранието, колку по предлог на претседателот на државата повторно од Собранието и во овој амандман конкретно и експлицитно е наведено дека мандатот на неговите членови трае 6 години со право на уште еден избор – објаснува Kараџовски.Сепак, подготвени се да иницираат измени на правните акти со кои се регулирани мандатот и изборот на судиите за реизборот да се направи. Се надеваа

Пронајдете не на следниве мрежи: