СДСМ никогаш не се грижел ниту за армијата, ниту за одбраната, ниту за безбедноста на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во екот на најголемата мигрантска криза преку своите невладини експоненти повика да се сруши оградата на јужната граница и сакаше да ја преплави Македонија со мигранти.
СДСМ се сликаше и ликуваше додека Македонија беше нападната во Диво Насеље.
СДСМ смета дека граѓаните да имаат меморија помала од меморијата на златна рипка и ќе заборават дека само пред три недели СДСМ гласаше против модернизацијата на одбраната на Република Македонија.
СДСМ воопшто не се грижи за интересот на Република Македонија и нејзините бранители. СДСМ се грижи само за спроведување на деструктивните сценарија кои и штетат на државата.
На седницата на парламентот на која беа нужни гласовите на опозицијата за да се изгласа намалување на данокот за армијата, СДСМ одлучи уште еднаш да се води од сопствените комплекси и да демонстрира некаква политичка моќ, ставајќи се себеси повторно пред интересот на Република Македонија.
Квалитетот на одбраната беше жртва на фрустрациите и деструкцијата на СДСМ.
Наместо да покаже државничко однесување, СДСМ на срамен начин ја стави државата во опасност и демонстрираше незамислива неодговорност.
Во Собранието СДСМ одлучи и да не го даде својот глас за тоа професионалните војници да имаат повластена стапка на данок при купување станбен простор. И за оваа сопка од СДСМ Министерството за одбрана во соработка со одругите институции работи на наоѓање на алтернативен начин за обезбедување поволности за војниците.
СДСМ постојано се коцка со животот на професионалните војници и се труди да им го отежне, ВМРО-ДПМНЕ постојано се труди да им го решава професионалниот и станбениот статус.
Тоа е разликата која граѓаните ја знаат многу добро.Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ во екот на најголемата мигрантска криза