СДСМ од политички причини го напаѓа Уставен

Tемата за Уставниот суд е извртување и манипулација на најголемата опозициска партија СДСМ, зошто каква одлука и да донесе Уставниот суд, позитивна или негативна, тој што направил нерегуларности ќе одговара, бидејќи има строг закон кој е донесен од актуелната власт и законот е на сила.  Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009та гласале против предлозите на министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности.  Прво тврдеа дека измените на Законот за помилување се против уставени а сега протестираат пред уставниот суд затоа што ја прифатил иницијативата за оценување на уставноста на овој закон.
Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментира декаУставниот суд не донесе одлука за укинување на конкретни одредби од Законот, како што СДСМ, нивните експерти и поддржувачи ја дезинформираа јавноста, туку решение за отпочнување на постапка како прв чекор во постапката по предметот.
-Овој политички пристисок што се прави врз работата на Уставниот суд, е идентичен со оној што се прави врз јавното обвинителство и врз судството, како директна уцена и закана врз нормалното работење на државните органи. Хистеријата што ја започна СДСМ против работата на Уставниот суд е провидна игра на оваа партија, затоа што во 2009 година токму СДСМ беше на став дека набројувањето на кривичните дела во Законот за помилување за кои на претседателот на државата му се забранува да даде помилување е противуставно. Сега, во нови околности, кога претседателот на Републиката не е од нивната партија, тие целосно го променија својот став, и одредбите сега арогантно и дрско ги бранат како уставни. Во 2009 година велеа дека се противуставни, сега велат дека се уставни, вели Каракамишева- Јовановска.
СДСМ самите биле за ставот дека законот е против уставен
Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.
-Не треба да му веруваме на претседателот , на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова СОбрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9ти јануари 2009та. во Собранието.
 

Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа завчера го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.
Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.
-Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.
СДСМ сфатија дека СЈО и Јанева немаат никакви докази
СДСМ и Зоран Заев сфатија дека специјалната јавна обвинителка Катица Јанева не успеа да направи ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка.  Темата што сакаа да ја наметнат за наводни избори нерегуларност, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден.
По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генераниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуаат и затоа анкетите  за СЈО се такви.
Според познавачите, наметнувањето со темата за Устаниот суд е начин како да ја продолжат самите наводната афера со изборни нерегуларности, напаѓајќи го ВМРО-ДПМНЕ неосновано, а  паралелно да отворат и простор за можност за синот на Зоран Верушевски, кој самиот одговара за педофилија. Не е исклучено зад ваквата тактика да стои лично Верушевски или пак  српската агенција Фактор Плус Адриа, која воедно во јавноста објавува штелувани анкети, но дури и на тие анкети СДСМ повторно губи.
Оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е  компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како продавачи на скапа магла, и чии луѓе го советуваат и лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, ист како во 2009 година
Мислењето во врска со укинување на одредбите од Законот за помилување и од Владата и од Собранието во кое мнозинство има ВМРО ДПМНЕ е негативно. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став и е против ова, Владата одлучила против оваа иницијатива кога давала мислење, токму ВМРО-ДПМНЕ го донесе законот да не може да се помилува, а СДСМ го застапуваше ставот дека е противуставен.
-СДСМ во 2009 година кога се гласаа измените во Законот за помилување беше строго против измените со образложение дека истите биле спротивни на Уставот. СДСМ тогаш дури и ја напушти седницата во знак на револт и противење на измените на Законот кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од владејачката партија.
ВМРО-ДПМНЕ, како што нагласуваат од партијата, и тогаш и сега стои зад измените во Законот за помилување кои беа предложени до Уставниот суд.
-Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. Тоа е лицемерието и тоа е деструктивната ниска политика заради која СДСМ никогаш нема да ја добие поддршката од граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ продолжува во својот препознатлив стил и шема на манипулирање да се обидува да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуките на Уставен суд, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Уставниот суд е столб на државноста- СДСМ го напаѓа од политички причини
Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.
Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении.
-Пошироката акција на опозицијата е со намера комплетно да се подријат темелите на правниот и политичкиот систем во земјата со цел легитимирање на нивната идеја за создавање паралелни правни и политички институции во државата кои ќе бидат по мерка и по вкус на СДСМ. Со ова практично излегува на површина целата иронија на залагањето на СДСМ за принципот на одделување на партијата од државата. Суштината на нивното залагање е како да го тргнат ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се инсталира СДСМ со нивните соросоидни полуги во институциите на системот одозгора, на сила, без изборен легитимитет. Сите досегашни акции на СДСМ можат да се оценат како вид државен удар, удар кој во теоријата е познат како „дворска револуција“ која СДСМ ја задскрива зад наводната борба за демократија, вели Каракамишева- Јовановска.
Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд.  Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.
-Опозицијата намерно го извртува случајот во јавноста со цел свесна дискредитација на Уставниот суд што е во целосна согласност со веќе воспоставениот јуришнички поход на рушење на авторитетот, најнапред на Собранието, потоа на Владата, па на Претседателот на РМ, па на јавното обвинителство, судството, а сега на ред дојде и Уставниот суд на РМ, вели универзитетската професорка.
Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не.
-Дури Уставниот суд на РМ и да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не значи дека судовите во државата нема да судат и да осудуваат за изборни нерегуларности, за педофилија, за злосторства против човештвото итн. Судот и натаму ќе ги суди сите лица што го повредиле Кривичниот законик, а сторителите и натаму ќе ги издржуваат затворските казни пропишани во законот, а одредени од страна на судовите. Ако се случи Уставниот суд сепак да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не мора да значи дека претседателот на РМ веднаш ќе ги помилува сторителите на овие кривични дела. Оваа партиска теза е класично извртување на случајот за предизборни интереси на СДСМ, вели Каракамишева- Јовановска.
 
СДСМ продолжува со притисоци врз Судот, исто како во минатото
СДСМ со насилни протести пред судовите во минатото се стави во одбрана на своите членови од легални судски постапки. И тоа често пати протестираа со пратеници, што е чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.
Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екслидерот, и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис, протести пред суд со барање за ослободување за градоначалникот на Струмица и сегашен лидер Зоран Заев, осомничен за корупцоја од 8 милиони евра… се само дел од низата.
Во 2007 година иако беше обвиненет за злоупотреба на службена положба и овластување и дека го оштетил Буџетот за три милиони евра со набавката за резервни делови за тенковите Т-55, Бучковски, сепак, не заврши во притвор. Судот донесе одлука Бучковски да се брани од слобода. Откако во Собранието му беше одземен пратеничкиот имунитет, го доставил пасошот како гаранција дека нема да побегне од државата. За време на седумчасовниот распит голем број членови и симпатизери на СДСМ протестираа пред судот. Вратите на судот беа блокирани од партиските симпатизери и од полицијата.
Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска. Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.Истото се случува и сега кога социјалдемократите протестираат за слобода на фармерот Душко Илиевски. Пратеници од СДСМ, предводени од Менде Диневски и Весна Бендевска и претседателот на општинската организација, Васко Ковачевски, со протести пред судот и општината бараат ослободување на Илиевски, иако во неговиот двор беа најдени стебла канабис сатива.
Сето ова покажува дека тоа е стил на однесување на СДСМ, полн со агресија и ароганција.
За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности и дали ке има санкции кон некого не е надлезен Уставниот суд, туку надлежно е МВР, кое е под контрола на СДСМ. Останува отворено прашањето како МВР сега стана професионално, демократско и непартиско кога генералниот  секретар на СДСМ е министер. Очигледно, за СДСМ се’ што е под нивна контрола е демократско, а се што размислува спротивно од нив е лошо и недемократско.
 СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009та гласале против предлозите на министерството за правда за ограничување на правото на

Пронајдете не на следниве мрежи: