Се распадна Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) на Самка Ибраимовски.Најголемиот дел од раководството и членството го напуштаат овој политичар и преминуваат во партијата на Шабан Салиу, Демократски сили на Ромите. Со тоа, од коалиција со СДСМ, тие стануваат дел од партија која е во коалиција со владејачката партија.
Во коалицијата на СДСМ не остана ниту една партија која е претставник на Ромите во Македонија, а во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ се Сојуз на ромите, Партија за интеграција на Ромите и Демократски сили на Ромите.
Голем револт владеел долго време меѓу членовите на ПЦЕР, а тие денес обелоденија дека партискиот лидер превзема одлучи само на своја рака, преговара самоиницијативно и нетрпението растело.
Генералниот секретар на ПЦЕР, Адриан Мемедов ги истакна причините за ваквата одлука.
-Се работи за внатрепартиски несогласувања во ПЦЕР чиј претседател е Ибраимовски. Јас како генерален секретар на партијата одговорно тврдам дека ние и членството на партијата повеќе не му веруваме на Ибраимовски кој во повеќе наврати со години наназад не има само излажано, а од тоа останавме само со празно ветување. Тој е човек кој само размислува за себе и за својот личен интерес, а не за сопартијците, но најмалку за Ромите. Во овие пресудни моменти пред изборно коалицирање, тргнува со истото политичко его полно со лаги и празни ветувања, истакна тој.
Со преминот на најголемиот дел од раководството и членството на ПЦЕР во друга партија, Ибраимовски остана сам и без легитимитет да донесува одлуки, да преговара и да ги претставува Ромите, велат досегашните членови на партијата.Најголемиот дел од раководството и членството го напуштаат овој политичар и преминуваат во партијата на Шабан Салиу, Демократски сили на Ромите. Со