„На локални избори ќе одиме, парламентарни предвремени избори ќе има“. Со овие зборови, екс-претседателот на СДСМ се обрати пред своите поддржувачи пред само пет месеци.
Низа поставени услови ја проследија предизборната кампања во пресрет на локалните избори. Најглавниот адут на СДСМ во тоа време беше ултиматумот предвремени парламентарни избори да има оваа есен.
Со промена на раководството на СДСМ, се смени и ставот по ова прашање. Само некои работи не останаа променети- нецврстите ставови на опозицијата, погрешните политики и неисполнување на ветеното.
Предвремените парламентарни избори се дел од договорот од први март, а оваа точка беше вметната по барање на СДСМ.
Откако ги втурна во блокади своите гласачи, откако ги повика да излезат на улица со него, Црвенковски се повлече прв. По средбата со Филе, овој политичар уште еднаш даде јавно ветување пред поддржувачите- на земјава ќе и се случат предвремени парламентарни избори. Тој вети дека изборите ќе се случат во месец септември.
Се поставува прашањето, дали Заев и Шекеринска го слушнаа овој говор на политичарот кој до неодамна будно го следеа, бидејќи денес се однесуваат како СДСМ никогаш да не посакал предвремени избори.
Педвремените парламентарни избори, всушност беа главен адут на Црвенковски пред своите членови кои сметаа дека СДСМ попушти во однос на ставовите да ги бојкотира локалните избори и учествуваа на истите.
Сега, актуелното раководство покажува немоќ да донесе одлука иако и должи став на јавноста, особено на своите гласачи.
СДСМ жали што отиде на локални избори бидејќи претрпе огромен пораз на територија на цела Македонија. Фактот што сега се соочени со можни предвремени парламентарни избори, очигледно ги плаши наследниците на Црвенковски.
Затоа со сите механизми бегаат од тоа уште еднаш да се соочат со волјата на народот.
Курир.мкНиза поставени услови ја проследија предизборната кампања во пресрет на локалните избори. Најглавниот адут на СДСМ во тоа време беше ултиматумот пр