СДСМ поддржува политички хумор само кога се исмева Владата

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, во скапиот спонзориран телевизиски програм со хумористична идеја, но со краток век на траење, при гостувањето во првата епизода посочи дека хуморот и сатирата се неопходни за здрава демократија.-Мислам дека сатирата и политичкиот хумор се апсолутно неопходни за функционирањето на здравата демократија- вели Гарет.
Смислата за хумот во СДСМ деновиве го покажа нивото за разбирање на демократијата, кога официјално од партискиот прес центар упатија ДЕМАНТ и барање да се тргне сатиричен, хумористичен текст објавен во специјална хумористична рубрика за измислени вести. Секоја објавена вест во рубриката „Двоглед“ се нагласува дека станува збор за измислена вест.
Притоа, со сета политичка зрелост и демократско разбирање за функционирањето на медиумите по само ним познат терк, побараа ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ИЗЈАВАТА од новиот член на ИК на СДСМ, а до вчера новинар и ТВ уредник, за која сами велат дека е лажна, како и објавување на партискиот демант.
Република вчера одговори на нивниот демант и барање, а денеска ги потсетува на изјавата на британскиот амбасадор за значењето на сатирата и политичкиот хумор во демократијата.-Мислам дека сатирата и политичкиот хумор се апсолутно неопходни за функционирањето на здравата демократија- вели Гарет.
Смислата за хумот

Пронајдете не на следниве мрежи: