Очигледен е нералниот извештај на СДСМ, кој партијата го пријавила за финансиското работење за време на изборната кампања, што отвора сомнеж за сериозно кривично дело за кое законот предвидува затворска казна до 5 години за одговорното лице и повлекува кривична одговорност за раководството, пишува порталот Нетпрес.Извештајот во кој се изнесени очигледни лаги, официјално е објавен на две места – Државниот завод за ревизија и самата веб страна на СДСМ (Прв и Втор дел), и секој заинтересиран може да се увери во податоците кои се фингирани.
Претходно Нетпрес објави дека СДСМ прикажало нереално ниска сума за реклами и пропаганда од таа што реално била потрошена. Сумата која официјално е објавена е за 40 проценти пониска од таа што е платена, а што лесно може да се провери доколку се земат потрошените минути за реклами и цената за секунда која за сите партии е еднаква.
Вториот сегмент е што СДСМ, иако за време на кампањата имаше испечатено програма и флаери, за ставката печатење и принтање во финансискиот извештај прикажуваат нула трошоци. Згора на тоа од СДСМ нема никаков демант за податоците кои сеуште не ни се потврдени дека програмата била печатена во една соседна земја, а парите за тоа биле обезбедени од една организација која е во тесна соработка со одредени надворешни структури кои се мета на општа критика во моментот.
Денес, пак, порталот обеледенува уште еден скандалозен сегмент, а тоа е дека СДСМ за превоз и транспорт во двата извештаи, кои се однесуваат за кампањата имаат пријавено нула трошоци, иако е евидентно дека за време на кампњата имаа ангажирано и автобуси и комбиња за превоз на членови кои беа присутни на митинзите.
Згора на тоа демант на објавениот извештај на СДСМ, кој е очигледно фингиран се и вестите објавени на порталите и медиуми блиски до СДСМ.
Неделникот „Фокус“, интернет порталите „Либертас“ и „Плус Инфо“, јавуваат за колони автобуси и комбиња на главниот митинг на СДСМ во Скопје при последната изборна кампања. Овие комбиња и автобуси треба да бидат платени, а секако не се од наменската сметка на СДСМ, чиј што извештај беше објавен, а каде стои дека има нула трошоци за оваа намена.
Плаќањето од основна сметка или со црни пари, нешто што е многу веројатно е практично кривично дело.Извештајот во кој се изнесени очигледни лаги, официјално е објавен на две места – Државниот завод за ревизија и самата веб страна н
Пронајдете не на следниве мрежи: