Новите сознанија во врска со спроведениот политички реваншизам од страна на техничката министерка, Фросина Ташевска Ременски, којшто се случи денес говорат дека се работи за планирана и смислена операција за инсталирање на партиските кадри на СДСМ во Центрите за социјална работа и другите јавни установи под МТСП односот Домот за доенчиња во Битола како и администрацијата во министерството.Имено, како што претходно известивме, разрешените директори на Центрите за социјална работа во неколку наврати доставиле забелешки за понудениот менаџерски договог кој Ременски барала да го потпишат веднаш, без дополнителен период да ја разгледаат содржината, директорите пак дале многу забелешки за незаконскиот и нецелосниот текст на договор меѓу кои наведувајќи: „имено ниту во законот за социјална заштита ниту во законот за установите нема конкретна обврска ниту рок во кој треба да се потпишат роковите, ниту пак однапред дефиниран текст на договор и нема основ да се разреши директор бидејќи не потпишал некаков правен акт менаџерско договор кој не е во согласност со двајца рамноправни потписници при што и побарале да ја усогласат содржината на договорот која треба да ја потпишат“.
Додека траела оваа преписка и овие барања, а Ременски молчела, како што брифираат нашите извори, биле контактирани вработени по Центрите за социјална работа и воедно членови на СДСМ да се подготват за превземање на функцијата в.д директор.
Од податоците со кои располагаме тоа се проверени кадри кои во минатото биле поставени од СДСМ и извршувале одредени функции.
На потенцијалните в.д директори им било ветено дека после празниците ќе бидат назначени но и самите тие биле затекнати од ненадејната денешна одлука на техничкиот министер.
Ваква масовна партизација на институции не се бележи во поново време. Овој упад и кршење на Законите значи поставување на неспособни кадри и целосна масовна партизација со цел спроведување на реваншизам. Во Центрите за социјална работа владе целосен хаос по нелегитимните еднострани одлуки за отказни решенија.
Со овој акт најгрубо досега е прекршен Законот за Влада.
Во прилог на овие тврдења говорат следниве податоци:
Зоран Манев е активист на СДСМ и поранешен претседател на ОК. Бил претседавач и советник во општина Струмица, каде градоначалник е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој беше и кандидат за пратеник од редовите на СДСМ.
Надица Величковска е член на СДСМ и поранешен член совет на општина Гостивар од редовите на СДСМ.
Драги Димитров бил една година директор, од редовите на СДСМ во периодот од 2005-2006 година. Тој е разрешен од функцијата директор поради незаконско работење.
Хрисула Кузмановска В.Д ЦСР Крушево- активист на СДСМ, изречена и е дисциплинска мерка.
Живко Силјановски В.Д ЦСР Прилеп- Бил директор на ЦСР Прилеп во време кога СДСМ бил на власт, пред сегашната директорка, во пeридот од септември 1998 до јуни 1999 година и в.д директор од април 2003 до декември 2006 година.
Сузана Илиевска Ѓорѓиевска В.Д ЦСР Скопје – партиски активист на СДСМ, против неа има иницјатива за покренување на дисциплинска постапк партиски активст на СДСМ.
Соња Илијевска В.Д Дом за доенчиња Битола – била директор на градинка во време на СДСМ од `94 до `96.
Виолета Фурнаџиска В.Д ЦСР Берово- поранешен директор од редовите на СДСМ , заминува во пенизја во мај.
Зоре Проевска В.Д ЦСР Ресен- Партиски активист на СДСМ
Соња Андоновска В.Д ЦСР Кочани- Активист на СДСМ вработена во ЦСР Кочани како економист
Стојанка Изова В.Д Бања Банско- пред пенизонирање, поранешен директор од ‘95 до ‘99 година од СДСМ
Димче Митрески В.Д ЦСР Демир Хисар– активист на СДСМ
Петре Николов В.Д Специјален завод Демир Капија- поранешен директор на Заводот.
Љупчо Кец Мицковски В.Д на Завод за рехабилитација на деца и младинци – Кандидат за градоначалник за Сопиште од редовите на СДСМ, активист на СДСМ
Имено, како што претходно известивме, разрешените директори на Центрите за социјална работа во неколку наврати доставиле забелешки за понудениот ме