Општинската организација на СДСМ во Кавадарци целосно го загуби тлото под нозете и во очај и паника, а по совет од централата на Бихаќка се обиде да подметне Чаушовско сценарио во кое би фрлиле сомнеж на претстојните избори во недела.Исплашени од поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја добива во градот и денешната посета на Кавадараци од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во четвртата изборна единица Никола Груевски, СДСМ во градот се обиде да измисли афера за наводен поткуп на гласачи Роми.
Очекувањето на локалните структури на Заев беше дека на тој начин ќе фрлат сенка на поддршката која Груевски ја доби и од регионалната комора, на средбата со бизнис заедица кое го искажала своето задоволство од поволните мерки за бизнис секторот и од лозарите за исплатата на грозјето.
Токму поради ова тие се одлучиле да измислат дека во штаб на Демократската партија на Ромите се делело поткуп. Вистината е дека кога сценаристите повикале полиција и кога истата пристигнала во штабот единствено било констатирана лажна пријава.
Од извори од надлежното Јавно обвинителство дознаваме дека на лице место и официјално било констатирано дека нема никакво кривично дело.
Исплашени од поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја добива во градот и денешната посета на Кавадараци од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на