СДСМ преку Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу продолжува да ги малтретира и да се изживува со граѓаните. Деновиве сме сведоци дека голем број невини граѓани кои ја сакаат и бранат Македонија, се апсат и неправедно и политички се притвораат со лисици како најголеми криминалци.Ангеле Зафировски, кој е опериран и болен од рак на грлото беше притворен како да е најголем криминалец.
Тој го има изгубено гласот, па поради тоа комуницира со помош на апаратче, но за СДСМ и Нухиу тоа не е воопшто важно, важно е да се понижат поддржувачите на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.
Претседателот на македонското патриотско здружение „Ќосето“ од Велес, Горан Ангелов беше неколку часа неправедно држен на распит во полициската станица во Кисела Вода. Додека траеше распитот, пред полициската станица протестираа членовите на ова патриотско здружение.
МВР и денеска соопшти дека вчера лишила од слобода и привела едно лице поради случувањата во Собранието. Освен тоа, на разговор биле повикани уште три лица, две од Скопје и едно од Велес.
Се повеќе се гледа намерата на СДСМ и Нухиу да се оцрнат и да се понижат граѓаните кои несебично даваат поддршка на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и кои во Собранието влегоа за да ја заштитат државата од насилниот обид за државен удар.
Приведени се луѓе кои не сториле никакво насилство, а држени се со часови во полициски станици. Дел од нив добија и притвор без никакви докази дека сториле кривично дело или пак учествувале во немилите настани во Собранието.
Ваквите постапки на МВР ги кренаа граѓаните на нозе. Пред Основното јавно обвинителство Неколку пати до сега се собраа група граѓани кои ја дадоа својата поддршка за сите притворени лица.
-Тие луѓе не треба да бидат притворени бидејќи тие луѓе се патриоти кои 65 дена секој ден мирно и достоинствено излегуваа на улиците на Македонија и на градот Скопје се со цел зачувување на Република Македонија која е држава на сите граѓани која е мултиетничка, а не држава која ќе биде двојазична и бинационална. Стотици илјади граѓани во дијаспората и кај нас нема да дозволат Македонија да не постои, затоа до Основното јавно обвинителство овде, но и до целата македонска и светска јавност апелираме тие луѓе веднаш да бидат ослободени, изјави Климент Стоилов кој вели дека е родител, граѓанин, патриот, поддржувач на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и пријател на приведените.Ангеле Зафировски, кој е опериран и болен од рак на грлото беше притворен како да е најголем криминалец.
Тој го има изгубено гласот, па пор