Владеачката партија СДСМ во изминатиов период пред изборите и за денот на двата изборни круга ја искористија целата државна машинерија, со која дојдоа до победа на овие избори. Изборите кои се одржаа пред две недели и вчера не се признаени од две парламентарни партии, ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците на Зијадин Села, додека уште една парламентарна партија, Беса, бара предвремени парламентарни избори. Како еден од белезите на овој изборен процес во Македонија сигурно ќе остане целосното активирањето на полицијата во партиски цели на СДСМ.Според нашите информации, користењето на полицијата во партиски цели за СДСМ не заврши со завршувањето на изборите, владеачката партија повторно го користи МВР, со кое раководи потпретседателот на партијата, Оливер Спасовски, за свои цели. Во текот на вчерашниот ден, но и денеска во полција се повикуваат активисти на ВМРО-ДПМНЕ од источниот дел на Макдонија, од градовите Кочани, Македонска Каменица, Пробиштип, од општините Чешиново и Облешево.
Според нашите информации ова е само продолжување на притисокот кој се случуваше во текот на вчерашниот ден, како и во текот на целата кампања. Во полициската станица во Кочани се повикан- повеќе лица, кои важат за симпатизери и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, врз кои полицијата врши притисоци.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, вчера не ги призна овие локални избори, кои ги прогласи за најнедемократски досега во Македонија, а како еден од примерите дека овие избори се далеку од фер и демократски е фактот, што според него СДСМ, за овие избори си ја стави полицијата во целосен партиски погон. Груевски кажа дека во училиштето „25 Мај“ во скопски Синѓелиќ припадници на полицијата отворено агитирале да се гласа за СДСМ.
-Во Општина Македонска Каменица денес припадници на полицијата заедно со братот на кандидатот за градоначалник на СДСМ кој не е вработен во МВР, запиреле возила на патот кон селото Дурлица и ги пропуштале само оние кои изјавиле или ги препознале дека носат гласачи на СДС. Во Општина Нопваци припадници на полицијата заедно со активисти на СДСМ и директорот на битолскиот затвор вршеа притисок врз гласачи. Им велеле дека доколку не гласаат за СДСМ, цитирам „Ќе ве снајде лоша судбина“. Во Бутел, како што пренесоа медиумите, личниот телохранител на Заев заедно со припадници на полицијата вршеше притисок врз гласачите и правел тензија пред избирачкото место. Во Бутел видовме видео снимка каде советник од СДСМ, неуниформиран полицаец и активисти на СДС отворено се закануваат на граѓани со цел да не излегуваат на гласање. Групно гласање беше забележано во Сарај. Во кавадаречките села Дреново и Ваташа припадници на полицијата ги заплашувале граѓаните да не излегуваат на гласање. Во текот на денот претседателот на СДСМ во Кавадарци, пред избирачко место нападнал активист на ВМРО-ДПМНЕ кој бил набљудувач на избирачкото место. Виница денес никогаш не паметела повеќе полиција, вклучително и специјални полициски сили во полно вооружување како што тоа беше денес. Ова што се случуваше денес не не изненади затоа што целата изборна кампања беше во знакот на организирање на криминални избори, дециден беше Груевски.
Дека полицијата имала свое влијание во изборниот резултат смета и претседателот на ЗНМ, новинарот Несер Селмани. Тој на Фејсбук напиша дека Македонците гласале како што им наред полициската држава, а дека кај Албанците победила заробената држава.
-Кај Албанците победи заробената држава. Моите сограѓани Македонци, гласаа така како што им нареди полициската држава. Не им наштетивте на моите Албанци, туку на Македонија, како што Вие ја сакате. Нека Ви се среќа криминалците од мојот род! Фала Ви што ни ги отворивте очите! Вие ги изгубивте највредните Албанци! Среќно!, напиша Насел Селмани на Фејсбук.
Во текот на целата кампања медиумите јавуваа дека полицијата место да го спречува ги чува активистите на СДСМ додека го прекршуваат изборниот законик, давајќи поткуп на граѓаните. Еден од примерите каде што полицијата претставуваше заштитник на владеачката партија можеше да се види и со фотографии во Крива Паланка.
Имено на фотографиите до кои стигна тогаш поралот „Денешен“, се гледа како активисти на СДСМ делат зејтин како поткуп, а во нивна придружба, би можело да се каже нивни чувар е службено возило од МВР.
Синиот автомобил Шкода е во сопственост на МВР
Директното мешање на полицијата со партијата, за СДСМ не беше само пракса во текот на кампањата, тие и на изборниот ден ја искористија полициајта за на разни начини влијаат врз луѓето да ја дадат поддршката за нивните кандидати.
Вчера од рано утрото во Штип бувално вриело полиција низ улиците на градот. Полицијаци застанувале возила и граѓаните, објави вчера порталот „Денешен“.
Граѓани на Штип испратија фотографии до редакцијата на „Денешен“ на кои јасно се гледа дека полицијата се обидува да направи опструкции.
Покрај тоа што полицијата беше директно уклучена во изборниот поткуп и во притисоци врз гласачите на денот на изборите, таа и во текот на кампањата може да се кажа дека падна на испитот за својата работа. Имено, голем број на нерегуларности кои што се случија во текот на кампањата не се решени, а дел од граѓаните коментираат и дека не ни гледаат дека полицијата има идеја да ги истражува и реши. Инаку во текот на оваа кампања еден кандидат за градоначалник доби скршен череп, еден градоначалник ќе беше прободен со нож, убиен беше носител на советничка листа, искршени штабови, но полицијата како за поткупите и за овие, како и за сите други прекршувања на изборниот законик молчи.Според нашите информации, користењето на полицијата во партиски цели за СДСМ не заврши со завршувањето на изборите, владеачката партија повторно го