СДСМ реагира на текстот поврзан со интервјуто на лидерот Зоран Заев, во кое тој отворено зборува за воведување на албанскиот јазик како службен јазик во сите општини во Македонија. Во интервјуто Заев вели дека треба да им се овозможи на граѓаните да комуницираат со институциите на албански јазик и во општини како Прилеп и Штип. Во моментов, граѓаните Албанци комуницираат на албански со институциите во општини каде што има над 20% етнички Албанци, а сега Заев предлага тоа да се прави во сите општини.
Во СДСМ сметаат дека тоа не е инсталирање на двојазичност и велат дека не сме го разбрале опозицискиот лидер, односно сме направиле „растурена сарма од новинарските стандарди“.
Во согласност со новинарските стандарди соопштението на СДСМ го објавуваме интегрално, заедно со видеото за кое од опозицијата сметаат дека докажува дека Заев не зборува за двојазичност.
„Скапо платените медиуми – огласни табли на Никола Груевски, повторно прават растурена сарма од новинарските стандарди.
Додека се повеќе Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, и сите останати се приклучуваат во широкиот фронт против режимот, Груевски останува осамен.
Преплашен од широкиот фронт за негов пораз, единствено што му останува е да лаже и да манипулира преку куририте. Како и многу пати досега, така и во однос на вчерашното интервју на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за Нова ТВ, порталите на власта пишуваат наслови кои немаат врска ниту со текстот, а уште помалку со вистината.
Заев во ниту еден момент во интервјуто не спомена двојазичност на целата територија на Македонија и тоа јасно се слуша од одговорот на прашањето, кој го испраќаме во прилог. Поистоветувањето на познавањето на повеќе јазици со двојазичноста е или елементарно непознавање или тешка манипулација од страна на куририте.
Не постојат спинови на власта кои ќе ги одвратат граѓаните од намерата на 11 декември да му кажат збогум на Груевски, а потоа заедно да ја градиме новата Македонија.“
Ве потсетуваме, на изјавата која Заев ја даде денеска во Прилеп. Дали планира двојазичност и во градот херој, СДСМ нека напише во следната реакција.Во интервјуто Заев вели дека треба да им се овозможи на граѓаните да комуницираат со институциите на албански јазик и во општини како Прилеп и