СДСМ не сака странски инвестиции во Македонија бидејќи СДСМ немаше ниту една странска инвестиција во свое време, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
СДСМ не сака отворање на нови работни места за Македонците, бидејќи СДСМ ги бркаше на улица граѓаните на Македонија.
СДСМ не сака економски просперитет на земјата, бидејќи СДСМ ја остави Македонија во пустош и долгови.
Затоа кога ќе се соочи со реалноста СДСМ мора да посегне по провереното оружје: да си ја напише сам реалноста во која ќе живурка до изборите.
Доказ за тоа е што од Бихаќка повторно настапуваат на сцена со познатите соопштенија од виртуелната реалност на СДСМ во кои Македонија во нивно време имала 17 милиони жители и 100 милијарди евра инвестиции.
Надвор од виртуелниот свет на СДСМ, назад во реалноста, од страна на владата на ВМРО-ДПМНЕ во само два дена беа најавени странски инвестиции со кои ќе се вработат 1.200 луѓе во две нови големи фабрики.
Овие факти се тешки за поднесување за СДСМ односно за луѓето кои се единствено познати по тоа што на улица избркаа 200.000 луѓе и затворија 684 претпријатија во Македонија.
Странските инвестиции се тешки за поднесување за СДСМ бидејќи СДСМ не сака нови работни места за македонските граѓани.
СДСМ сака да ја гледа Македонија каква што ја остави, опустошена, бидејќи не сака да прифати дека не се сите како СДСМ, деструктивци и манипулатори.
За жал на СДСМ, а за среќа на Македонија, народот одлично гледа и совршено памети.
Затоа рејтингот на СДСМ е мизерни 14,7% во споредба со 33,3% на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа СДСМ 10 години губи на избори.
Затоа за 101 ден, на 24 април, доаѓа крајот за ваквиот СДСМ.Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
СДСМ не сака отворање на нови раб