СДСМ би биле најсреќни да нема избори и тоа веќе се гледа од нивните изјави. Што се однесува до нас избори мора да има. Она што тие ги предизвикаа во текот на оваа година мора да се расчисти на избори и мора да ја добијат лекцијата од граѓаните. Мора да се соочат со народот, истакна премиерот Никола Груевски во Вестите на телевизија Сител.-Тие смислуваат се само да се закочи изборниот процесот. Сакаа изборите да ги добијат со фалсификати, но сега и тоа им се руши. Меѓународната заедница има јасен став и ние имаме јасен став, рече Груевски.
Премиерот најави дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори.
-Апсолутно дека се подготвуваме. Прво работиме на подготовка на Отчетот. Завршивме огромен број на работи кои ги ветивме и ќе ги покажеме преку Отчетот. Работиме и на новата програма која ќе биде најобемна до сега. Ќе направиме приоритизација, ќе ги сублимираме идеите и ќе ја направиме најобемната и најпрофесионалната програма, додаде Груевски.-Тие смислуваат се само да се закочи изборниот процесот. Сакаа изборите да ги добијат со фалсификати, но сега и тоа им се руши. Меѓународната заедн