СДСМ сам си нарачува анкети, па сам се кара со своите анкетари

СДСМ сам си нарачува анкети, па сам се кара со своите анкетариНе само што призна дека е нарачател на анкетите со нереални и смешни бројки, туку и во СДСМ не се задоволни од анкетата која сами си ја нарачале. Трагикомедија.
 
          Деструктивните сценарија на Заев и СДСМ за рушење на институциите и делегитимирање на државата немаат поддршка ни меѓу најтврдокорните членови на СДСМ.
 
          Никој не го поддржува СДСМ кој сака да ги крева на клоци и влече за уши судиите од Уставниот суд.
 
          Никој не го поддржува СДСМ кој конструира криминални шеми со својот Чауш за да може да ги лаже граѓаните.
 
          Политиката на лаги и манипулации со помош на Фабриките за афери и измислување скандали и конструкции го влече СДСМ кон дното секој ден, се повеќе и повеќе.
 
          За разлика од СДСМ кој избрка 200.000 луѓе на улица, владата на ВМРО-ДПМНЕ отвори 150.000 нови работни места.
 
          За разлика од СДСМ кој има НУЛА странски инвестиции, владата на ВМРО-ДПМНЕ донесе повеќе од 50 директни странски инвестиции.
 
          За разлика од СДСМ кој не знаеше дека постојат пензионери, владата на ВМРО-ДПМНЕ им ги зголемува пензиите и им овозможува користење на уште низа други бенефиции.
 
          За разлика од СДСМ кој не знаеше дека постојат студенти, владата на ВМРО-ДПМНЕ спроведува повеќе од 100 проекти за млади.
 
          За разлика од СДСМ кој шахта на улици не промени, владата на ВМРО-ДПМНЕ изгради стотици километри автопати, магистрални и регионални патишта.
 
          За разлика од СДСМ кој ја задолжуваше Македонија, а не промени ни сијалица во болниците или не подели ни евро за земјоделците, владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестираше стотици милиони евра во новои објекти и опрема во здравството и стотици и стотици милиони евра како субвенции во земјоделието.
 
          За разлика од 39% невработеност во време на СДСМ, владата на ВМРО-ДПМНЕ ја намали на рекордни 24,6%.
 
          За разлика од СДСМ кој ја турка Македонија надолу, ја задолжува и сака да ја гледа во пустош, владата на ВМРО-ДПМНЕ ја носи Македонија напред.
 
          Затоа граѓаните 9 изборни циклуси по ред гласаат за ВМРО-ДПМНЕ. Затоа граѓаните не дозволуваат СДСМ да се приближи до власта. И тоа не може да го променат никакви нарачани анкети од СДСМ, дури и кога самиот СДСМ е депримиран од своите нарачки.
 
          Вистинските бројки ги знаат сите граѓани. Ги знае и СДСМ. Затоа е и ваквата очајна реакција од Бихаќка.
 
          СДСМ ќе се соочи со најточните бројки на 5-ти јуни. Десетти пат по ред. И од казната на народот за деструктивниот СДСМ, нема бегање.
 Не само што призна дека е нарачател на анкетите со нереални и смешни бројки, туку и во СДСМ не се задоволни од анкетата која сами си ја нарачале. Т

Пронајдете не на следниве мрежи: