Најголемата опозициска партија во земјава се лизна на кора од банана, откако одби да учествува на предвремени избори кои самата ги бараше.
Најголемата опозициска партија во земјава се лизна на кора од банана, откако одби да учествува на предвремени избори кои самата ги бараше.
Барањето на предремени парламентарни избори пред само неколку месеци се покажа како евтин политички трик, бидејќи сега социјалдемократите категорично одбија да излезат на избори и да се соочат со народот, кој во март им го нанесе еден од најубедливите порази.
Познавачите сметаат дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ мудро ги извади опозиционерите на површина сами да кажат дека се плашат од предвремени избори, а со тоа и дека знаат оти ги очекува катастрофален пораз налик на оној од локалните избори, кога ВМРО-ДПМНЕ освои 58 градоначалнички места, додека СДСМ само 4, со разлика поголема од 140 илјади гласови.
Покрај тоа што социјалдемократите си поплукаа на барањата за избори, добија и издевалвиран извештај кој никој нема да го земе за сериозно во делот за правните квалификации, со оглед на тоа што владејачката партија ниту го признава, ниту стои зад него, туку, според нивните зборови, истиот е хартија палома и е потпишан исклучиво во интерес на државата, со цел да се избегне Македонија да ја изгуби препораката за почеток на преговорите со ЕУ.
КурирНајголемата опозициска партија во земјава се лизна на кора од банана, откако одби да учествува на предвремени избори кои самата ги бараше.