СДСМ се плаши од локални избори. Мнозинството во Парламентот денеска одби да се изгласа во итна постапка новиот термин за одржување на локалните избори и да се продолжат мандатите на градоначалниците и Советите.ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината за предлагање на овој закон е тоа што постои сомнеж дека ново формираното владејачко мнозинство нема да го испочитува договорот од пред три недели за закажување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври.
-Се одлучив да го предложам овој закон поединечно поради тоа што се уште постои сомнеж дали ново формираното владејачко мнозинство искрено сака да го испочитува овој договор од пред три недели за заакување на локални избори во Р. Македонија договорени помеѓу сите парламентарни партии да се одржат на 15 октомври. А во меѓувреме да се продолжи мандатот на сите градоначалници и Совети на единиците за локална самоуправа заради тоа што веќе три недели се соочуваат, сите градоначалници без разлика на партија на која припаѓаат, со сериозни проблеми и не можат да излезат во пресрет на барањата на граѓаните, рече Димовски.
Курир и претходно пишуваше дека СДСМ ќе ги одлага локалните избори кои претходно беа договорени на 15 октомври, датум кој го потврдија и прифатија во разговорите меѓу партиите.
Фактите говорат дека СДСМ го обвинуваше ВМРО-ДПМНЕ за непродолжување на мандатите на општините поради тоа што СДСМ немаше мандат, но пред 15 дена го доби мандатот и од СДСМ има молк. Со сите постапки СДСМ постојано го одложува донесувањето на овој закон, а тоа се потврди и денеска.
Со неодговорното однесување на СДСМ, на конец висат платите на вработените во администрација на општините, противпожарните служби, детски градинки, основни и средни училишта, јавни претпријатија. Нема градежни дозволи, купопродажба на недвижен имот, адреси за пасош и лични карти.ВМРО-ДПМНЕ предложи локалните избори да се закажат во итна постапка. Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека причината за предлагање н