По мерката притвор за претседавачот на Советот на Центар Мирослав Шиповиќ за случајот „Машинопромет“, од СДСМ се сомневаат дека владејачката партија ќе изврши притисок врз следниот од листата на опозициската коалиција кој треба да дојде наместо Шиповиќ во Советот и оти така ќе го загуби мнозинството во оваа општина. Имено, соодносот во Советот на централното подрачје сега е 12:11 за коалицијата предводена од СДСМ, но, од партијата на Заев не се сосема сигурни дека нивниот коалициски партнер, односно можниот советник од ВМРО-Народна партија, Љупчо Медарски кој е 13. на листата, ќе остане на нивна страна и во иднина и оти нема да му се приклучи на ВМРО-ДПМНЕ во оваа општина.
Според Законот за локалната самоуправа, мандатот на советникот му прекинува во повеќе случаи, со што на негово место доаѓа следниот од листата на коалицијата. Од „Бихаќска“, официјално, стојат зад ставот дека акциите на власта за откривање криминални дејствија на политичари се исклучително наменети за нивните членови, очигледно премолчувајќи ги случаите кога пред лицето на правдата беа изведени членови на ВМРО-ДПМНЕ или луѓе блиски до функционерите на владејачката партија. Неофицијално, за вчерашната седница на Извршниот одбор на СДСМ беше најавено можно разгледување на опцијата за нови избори во општина Центар.
Нејасно во ЗаконотИнаку, во Законот за локалната самоуправа стои дека мандатот на советникот прекинува и ако тој престане да биде жител на општината. Шиповиќ, според наши извори, најверојатно никогаш не бил жител на Центар, туку на општина Kарпош. Законски, на членот на Советот може да му биде одземен мандатот ако неоправдано отсуствува од три седници на советот по ред. Во случајов, бидејќи засега не е познато колку време ќе остане Шиповиќ во притвор, иако првично му е одредена мерка од 30 дена, дали оправдано или неоправдано отсуствувал, ќе остане нејасно – дел што познавачите го дефинираат како „дупка во законот“. Мерката притвор не е опфатена во Законот за локалната самоуправа и токму тоа ги збуни аналитичарите што ја познаваат проблематиката.- Ситуацијата со притворот на Шиповиќ е „дупка во законот“. Тој ќе отсуствува формално-правно шест месеци ако биде во притвор, но дали е тоа оправдано или не, никој не ќе може да каже – вели Јове Kекеновски.Засега, коментираат познавачите, тој не исполнува ниту еден услов од Законот за да не биде на чело на Советот, не поднел оставка, не е осуден и формално-правно с` уште е прв човек на Советот на Центар затоа што додека е во притвор му важи статусот. – На негово место доаѓа нов претседавач само ако тој поднесе оставка. Проблемот е што Законот не го регулирал делот што ако е повеќе од шест месеци во притвор, што е тоа оправдано, а што неоправдано отсуство и што ако биде ослободен – додава Kекеновски. Амнестија за СДСМНа членот на Советот, според Законот за локалната самоуправа, му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран ако поднесе оставка, во случај на смрт, ако е осуден со правосилна пресуда за кривично дело на казна затвор во траење од над шест месеци, ако настапи случај на неспојливост со функцијата член на советот во согласност со Законот за локалните избори и ако неоправдано отсуствува од три седници на советот по ред. Мандатот прекинува и ако со правосилно решение биде лишен од деловна способност и ако лицето биде осудено. Во врска со сето ова, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат прашувајќи дали на Јавното обвинителство треба да му биде забрането да постапува ако некој осомничен приложи членска книшка од СДСМ.- Дали според нив, ако некој е член на СДСМ има право да крши закон без никаков страв од законски последици. Дали секој функционер на СДСМ пред каква било постапка треба да биде амнестиран од каква било одговорност – е последниот став од ВМРО-ДПМНЕ.
И „24 ДЕКЕМВРИ“ ВО ИГРА
Да се замрзне учеството на СДСМ во работната група во Собранието која заедно со владејачката ВМРО-ДПМНЕ работи на усогласување на повеќе точки во врска со извештајот за настаните од ланскиот 24 декември како знак на револт за апсењата во случајот „Претседавач“ во кој е замешан и социјалдемократот Мирослав Шиповиќ. Ова е еден од можните заклучоци што доцна синоќа требаше да го усвои Извршниот одбор на СДСМ откако лидерот на партијата Зоран Заев викендов го најави ваквиот расплет, на неколку дена пред извештајот на ЕK. – Извршниот одбор ќе расправа за идејата на претседателот Заев и тогаш ќе знаеме дали оваа одлука е конечна – ни изјавија вчера од СДСМ.Владејачката ВМРО-ДПМНЕ уште викендов реагираше на ваквите најави на Заев тврдејќи дека двете работи – кривичната за Шиповиќ и политичкиот дијалог за 24 декември не се поврзани и дека СДСМ се откажува од процесот кога двете партии се блиску до договор за двете најкрупни прашања, процедурата за носење буџет и етички кодекс.„Неприфатливо е поврзување на оваа постапка за реформи во собраниските процедури со каква било работа што се случува надвор од Собранието. Во оваа држава мора да научиме дека законот важи за сите, реагира во писмен допис Илија Димовски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Извор. ДневникИмено, соодносот во Советот на централното подрачје сега е 12:11 за коалицијата предводена од СДСМ, но, од партијата на Заев не се сосема сигурни д