СДСМ се подготвува за насилни протести во Скопје

СДСМ ги организира своите членови и симпатизери на протести во Скопје на кои очекува насилство, пренесоа медиумите.Иако Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немале ништо со протестот само од Куманово предвидено е да тргнат 25 автобуси, од Велес 18, од Крива Паланка 12, од Тетово и Гостивар по 5, од Штип уште 9, пренесоа медиумите.
Целата администрација што е под контрола на СДСМ, но и вработените во нивните фирми биле предмет на уцена за да се појават на протестот.
Под закана биле дури и вработените во Скопје, односно општина Центар кои во работно време биле ангажирани да делат пропагандни материјали за протестите и да повикуваат на поголема излезност.
Во пропагандниот материјал кој им се дели, членовите и активистите на СДСМ добиваат насоки како да пробијат полициски кордон и како и каде да се сокријат од полицијата.
Препораката е да не се затвораат по влезови и по мали и тесни улички. Во препораката до членовите и симпатизери на СДСМ стои да не пијат алкохол и да не се дрогираат, а најважно од се е да не соработуваат со полицијата и да ги прикриваат инкриминирачките податоци за протестантите.

Основната порака на протестите кои ќе се одржат вечер е дека не постои друг орган на прогонот освен Специјалното јавно обвинителство, односно дека никој не смее да помисли да бара кривична одговорност од аболицираниот Зоран Заев.
 
Попладнево од Велес можеа да се забележат голем број на автобуси кои тргнуваат кон Скопје со цел да се приклучат на протестот организиран од СДСМ.

Заев во петокот рече дека СДСМ немал аспирации да носел автобуси од цела Македонија, но првиот човек на СДСМ очигледно уште еднаш ја излажа јавноста.
-СДСМ нема аспирации да носи автобуси од цела Македонија, изјави Заев во при гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат.
Иако Зоран Заев јавно изјави дека СДСМ немале ништо со протестот само од Куманово предвидено е да тргнат 25 автобуси, од Велес 18, од Крива Паланка

Пронајдете не на следниве мрежи: