Новинарот Васко Ефтов смета дека СДСМ макотрпно работи на тоа да испровоцира конфликт во Македонија, и според него, оној кој треба да го започне е ВМРО-ДПМНЕ. Тој смета дека поради тоа се случија притворањата на Едмонд Темелко, единствениот Македонец градоначалник во Албанија, и на Игор Југ, но исто така и полициската тортура врз кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев.Неговиот став е дека СДСМ, со странска помош, упорно сака да го претстави својот политички опонент ВМРО-ДПМНЕ како извор на насилство и терор и да го потисне мислењето на јавноста дека е политичка опција која нуди подобар економски и социјален живот. Исто така тој смета дека сето тоа СДСМ го прави со цел да го оттргне вниманието на јавноста од темата за бегалците.
Статусот на новинарот Ефтов на социјалната мрежа Фејсбук ви го пренесуваме во целост:
-Суштината на секоја политичка стратегија е колку што може помалку да ги плаши граѓаните односно гласачите. Вие не може да ветувате војни, конфликти, тензии и да ја барате довербата на гласачите. Кој ќе гласа за вас ако му нудите немир. Зошто не гласаат Србите за Шешељ кој им нуди враќање на Косово, Русија место ЕУ, Ле Пен место Меркел, газење на Хашкиот Трибунал!? Затоа што не сакаат нови конфликти и нови тензии.Анализирајте ги двете апсења во последните десет дена: Едното на Игор Југ и второто на Едмонд Темелко. Тоа се апсолутно јасно насочени апсења. Од авион се гледа дека со првото апсење (на Игор Југ) се бара нов 27 април (и дополнително жигосување на опозицијата како насилничка). И со второто апсење (на Едмонд Темелко) се бара враќање на темата: „Апсат македонски патриоти, а ослободуваат Косовари криминалци“.Гледате како сакаат да ви ја растурат стратегијата бегалци и економија. Кој нормален човек не се плаши од бегалци. Затоа ги одбиваат и забрануваат референдумите. Кој нормален човек не сака да слуша за вработување и нови работни места. Затоа власта прави се’ тие теми, за бегалци и економија, да ги замени со нови тензии и конфликти за кои ќе биде обвинета опозицијата. Кој од кандидатите за градоначалници е најмногу напаѓан со црна кампања? Митко Јанчев кандидатот на ВМРО во Кавадарци. Зошто? Затоа што не смее успешен бизнисмен, семеен човек и личност со углед во градот да биде персонификација на ВМРО. ВМРО во таа нивна Пи-Ар стратегија треба да се синоним на конфликти и тензии а не на економија и нови работни места. Стратезите на СДСМ (домашни и странски) добро ја читаат играта. Сега ќе настојуваат по секоја цена да ги отвараат емотивните теми како што се Тиранската и Софиската Платформа.Со порака: Тие се за Мир и Соработка, а другите за Војна и Конфликти! И бидете сигурни дека тие теми нема да ги отвараат некои од Нивните туку некој од Вашите.
Неговиот став е дека СДСМ, со странска помош, упорно сака да го претстави својот политички опонент ВМРО-ДПМНЕ како извор на насилство и терор
Пронајдете не на следниве мрежи: