СДСМ се враќа во Собранието

Опозициската СДСМ се враќа во Собранието. Пратениците од опозицијата ќе седнат во пратеничките клупи, по договорот кој беше постигнат пред два дена помеѓу претставниците на потписниците на Пржинскиот договор.Трајко Вељаноски, собранискиот спикер за Утрински изјавува дека динамиката на претстојниот период ќе биде утврдена во понеделник на редовната координација на претседателот на Собранието со координаторите на пратеничките групи и потпретседателите на Собранието.
Договорот од Пржино ви го пренесуваме интегрално
На 20 јули 2016 четирите политички партии постигнаа договор:
Избирачки список
Четирите политички партии се согласија да ги решат проблемите со избирачкиот список на следниот начин:
 1. До 22 јули ќе се поднесат амандмани на изборниот законик преку кои ќе се имплементира договореното.
2. Во однос на “Анексот А“ кој го подготви ДИК со вкрстените проверки, 171,500 лица ќе бидат ставени на посебен извод од избирачкиот список и нивното право на глас не е спорно.
3.Во однос на “Анексот Б“ кој го подготви ДИК со вкрстени проверки, 39,502 лица ќе бидат објавени од ДИК во рок од три дена по измените на изборниот законик.
А. Податоците ќе бидат јавно објавени а лицата кои се на листата во рок од 25 дена по објавувањето ќе треба да се пријават за да се најдат на избирачкиот список.
Б. Сите лица кој се наоѓаат во “Анексот Б“ може да се пријават електронски според членовите 48-51 од изборниот законик или можат да се пријават лично во локалните канцеларии на ДИК.
Ц. Три или повеќе членови на ДИК може да побараат дополнителна проверка за секое име. Во таква ситуација, кога членовите на ДИК бараат дополнителна проверка тие може да побараат од граѓанинот да дојде лично доколку е во земјата или да се јави преку видеоконференција доколку е надвор од земјата. Овие дополнителни проверки може да траат дополнителни 10 дена по истекон на периодот од 25 дена.
Д. Лицата кои не се идентификувале нема да бидат дел од избирачкиот список. Тие кои не се дел од списокот ќе имаат дополнителна можност да се регистрираат во ДИК за време на јавната проверка на списокот во пресрет на изборите.
Медиуми
1. Законот за медиуми и изборниот закони ќе бидат изменети со амандмани најдоцна 15 дена од денот на постигнувањето на овој договор.
2. АВМУ (Агенцијата за Медиуми) ќе воспостави ад-хок тело кое ќе ги мониторира спроведувањето на изборниот законик од страна на медиумите. Ова ад-хок тело ќе функционира до крајот на изборниот процес а ќе се оформи најдоцна во рок од 30 дена по постигнувањето на овој договор.
А. Ад-хок телото ќе го сочинуваат четири членови. Во консултација со релевантните професионални организации политичките партии ќе селектираат четири членови на телото од кој најмалку еден член ќе биде Албанец. Овие четири членови со консензус ќе го изберат петтиот член во рок од 15 вдена.
Б. Почнувајќи 100 дена пред изборите, Советот на АВМУ треба да ги следи препораките на ново воспоставениот оддел и да дава процедури за медиумите пропишани со законот. Ад-хок телото ќе го набљудува балансираното известување на медиумите за периоди не помали од една недела.
Ц. Прекршувањата на законот за медиуми и на изборниот законик ќе бидат казнувани со казна редуцирана за 50% од пропишаната.
Д. За првото прекршување ќе се испрати предупредување. За наредните прекршувања ќе се изрече редуцирана казна.
Е. Новинарите и медиумите ќе бидат казнувани за изразување на своето мислење. Изразувањето на мислење треба да биде одвоено од информациите.
Ф. Некој медиум не може да биде затворен врз база на одлуките на споменатите процедури.
3. Четирите политички партии ветија дека ќе ја изменат медиумската легислативи во линија со препораките на Прибе во рок од 6 месеци по изборите.
4.Во консултација со останатите партии, најголемата опозициска партија ќе номинира главен уредник на информативната редакција на Јавниот Сервис (МРТВ) од експертите во ова подрачје. Откако партиите ќе се согласат дека се исполнети условите за избори, главниот уредник ќе стапи на својата функција 100 дена пред избори.
5. Ќе се направат и законски измени за да се овозможи 24 часовно емитување на албанскиот канал на МРТВ 7 дена во неделата.Трајко Вељаноски, собранискиот спикер за Утрински изјавува дека динамиката на претстојниот период ќе биде утврдена во понеделник на редов

Пронајдете не на следниве мрежи: