СДСМ наместо да се сконцентрира на конкретна програма и со неа да настапи на закажаните предвремени парламентарни избори, тие се одлучија за манипулација, лаги и создавање на криза. Цената за двојното одложување на изборите СДСМ скапо ја плати.етирите најголеми политички партии денеска постигнаа договор со кој треба да се стави крај на кризата која ја предизвика СДСМ.
Според договореното, Владата која ќе биде формирана со цел спроведување на предвремени избори ќе биде функционална само за спроведување и одржување на изборите и истата ќе престане да важи во оној момент кога ДИК ќе ги објави конечните резултати од изборите.
СДСМ се „ценкаше“ и манипулираше по неколку основи:
-За нив спорни беа 500.000, како што ги нарекуваа „фантомски гласачи“ , за денеска да признаат дека на дополнителна проверка ќе подлежат само 39 502 гласачи.
*Во делот на Избирачкиот список, СДСМ само уште еднаш ја потврди својата манипулативна природа, а не доби ништо, бидејќи бројката на т.н. спорни гласачи е далеку помала од онаа која во јавноста ја преставуваше опозицијата.
-Бараа високи казни за медиумите, санкционирање на „новинарското перо“, со што новинарите според нивните барања не смееја да искажуваат личен став, што е во спротивност со Член 16 од уставот на Македонија. Денеска ставија потпис на договор кој предвидува 50% помали казни и беше договоренa нова комисија.
*СДСМ сакаше да го санкционира медиумскиот простор, да воведе високи казни за медиумите и новинарите. Бараше и нивниот Совет во Агенцијата за медиуми составен од членови на СОРОС да може да казнува и затвора телевизии според директивите кои ќе дојдат од Бихаќка. И повторно СДСМ изгуби, бидејќи со договореното, казните се помали за дури 50%, а ќе биде формирана и нова комисија.
– Со новиот договор, техничкиот министер во МВР ќе има право само на 15 смени во министерството.
*Кога назначија свој технички министер во МВР, СДСМ си постави свои кадри во министерството. Оливер Спасовски тогаш назначи 450 партиски војници во МВР.
Со своето деструктивно однесување, СДСМ покрај тоа што ѝ штети на државата и македонските граѓани, туку продолжува да си наштетува на самата себе и да плаќа високи цени за своето деструктивно однесување.етирите најголеми политички партии денеска постигнаа договор со кој треба да се стави крај на кризата која ја предизвика СДСМ.
Според догов