Уставниот суд е столб на државноста и уставноста и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментира декаУставниот суд не донесе одлука за укинување на конкретни одредби од Законот, како што СДСМ, нивните експерти и поддржувачи ја дезинформираа јавноста, туку решение за отпочнување на постапка како прв чекор во постапката по предметот.
-Овој политички пристисок што се прави врз работата на Уставниот суд, е идентичен со оној што се прави врз јавното обвинителство и врз судството, како директна уцена и закана врз нормалното работење на државните органи. Хистеријата што ја започна СДСМ против работата на Уставниот суд е провидна игра на оваа партија, затоа што во 2009 година токму СДСМ беше на став дека набројувањето на кривичните дела во Законот за помилување за кои на претседателот на државата му се забранува да даде помилување е противуставно. Сега, во нови околности, кога претседателот на Републиката не е од нивната партија, тие целосно го променија својот став, и одредбите сега арогантно и дрско ги бранат како уставни. Во 2009 година велеа дека се противуставни, сега велат дека се уставни, вели Каракамишева- Јовановска.
Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении.
-Пошироката акција на опозицијата е со намера комплетно да се подријат темелите на правниот и политичкиот систем во земјата со цел легитимирање на нивната идеја за создавање паралелни правни и политички институции во државата кои ќе бидат по мерка и по вкус на СДСМ. Со ова практично излегува на површина целата иронија на залагањето на СДСМ за принципот на одделување на партијата од државата. Суштината на нивното залагање е како да го тргнат ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се инсталира СДСМ со нивните соросоидни полуги во институциите на системот одозгора, на сила, без изборен легитимитет. Сите досегашни акции на СДСМ можат да се оценат како вид државен удар, удар кој во теоријата е познат како „дворска револуција“ која СДСМ ја задскрива зад наводната борба за демократија, вели Каракамишева- Јовановска.
Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд. Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.
-Опозицијата намерно го извртува случајот во јавноста со цел свесна дискредитација на Уставниот суд што е во целосна согласност со веќе воспоставениот јуришнички поход на рушење на авторитетот, најнапред на Собранието, потоа на Владата, па на Претседателот на РМ, па на јавното обвинителство, судството, а сега на ред дојде и Уставниот суд на РМ, вели универзитетската професорка.
Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не.
-Дури Уставниот суд на РМ и да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не значи дека судовите во државата нема да судат и да осудуваат за изборни нерегуларности, за педофилија, за злосторства против човештвото итн. Судот и натаму ќе ги суди сите лица што го повредиле Кривичниот законик, а сторителите и натаму ќе ги издржуваат затворските казни пропишани во законот, а одредени од страна на судовите. Ако се случи Уставниот суд сепак да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не мора да значи дека претседателот на РМ веднаш ќе ги помилува сторителите на овие кривични дела. Оваа партиска теза е класично извртување на случајот за предизборни интереси на СДСМ, вели Каракамишева- Јовановска.Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментира декаУставниот суд не донесе одлука за укинување на конкретни одредби од Законот