СДСМ се обиде да изврши Пуч во Собранието со неделовничкиот предлог да се скрати правото на дискусија и да се премине веднаш на следната точка, избор на претседател на Собранието.Собранието на конститутивната седница расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувања, но СДСМ упорно сака да ја прескокне оваа точка и директно да се гласа за претседател на Собранието, што е спротивно од Деловникот за работа.
Додека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат од СДСМ да се откаже од Тиранската платформа или да се распишат предвремени парламентарни избори заедно со локалните, СДСМ сака да избере претседател на Собранието кој ја нема отфрлено и осудено Тиранската платформа.
Тоа е спротивно и од барањата на граѓаните, бидејќи едно од главните барања на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ е идниот претседател на Собранието јавно да се откаже и да ја осуди платформата.
Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, ова е класичен обид на грубо кршење на Деловникот на Собранието и обид за одземање на најсветото право на пратениците, а тоа е, како што вели, правото на говор и правото на искажана мисла и политички став.
-Посебно заради тоа што се работи за обид со кои што не се кршат само пратениците, туку е обид за кршење на над 200.000 граѓани на Република Македонија кои што секојдневно протестираат на улиците и кои што секојдневно апелираат нивните ставови и нивните видувања за политичката состојба во Република Македонија, да бидат јасно, гласно и прецизно искажани во Собранието, посочи Димовски.
Според него, секој обид кој што би одел спротивно на интересите на Република Македонија не може да донесе ништо добро.
-Ние неколку пати укажавме и официјално и неофицијално, дека имаме информации во текот на претходните пет, шест дена Социјалдемократскиот сојуз ќе се обиде на ваков или на сличен или на уште подрзок начин да направи грубо насилство врз Собранието и да го измени текот на седницата односно да оневозможи на пратениците да говорат, вели Димовски.
Со сличен став излезе и Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека има обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието.
-Имаме еден обид за насилно и неделовничко однесување во Собранието од оние кои што три години не учат на демократија, на слобода на говор, на пресумпција на невиност, само затоа што имаат ограничен временски рок кога треба Заев да го испорача она што го вети, истакна Милошоски.
Рече дека Деловникот треба да биде жртва поради амбициите на претседателот на СДСМ, Зоран Заев да стане Претседател на Владата.
-Сега Деловникот треба да ја плати цената за неговата политичка амбиција од аболициран криминалец да стане Претседател на Владата. Никој нема против никого да има амбиции, ниту за оние кои се аболицирани, ниту за оние кои не се аблолицирани. Не може тука деловникот да биде жртва, и слободата на говорот на пратениците избрани од народот да биде помалку важна од изборите и од изборната демократија, а најважно да биде тоа што е договорено по изборите, посочи Милошоски.
Претседавачот на конститутивната седница Трајко Вељаноски, 13-тото продолжение го закажа за вторник, 18 април.
Собранието на конститутивната седница расправа за избор на Комисијата за прашања на изборите и именувања, но СДСМ упорно сака да ја прескокне оваа