СДСМ остана единствената политичка партија која официјално не зазема став за платформата постигната од албаските политички партии. Но зад сцената дознаваме дека Заев и раководството испратиле пораки до ДУИ и Ахмети дека би прифатиле се што е напишано во платформата само да се играчи за составување на новата влада. За ова нема потврда ниту јасен демант од СДСМ, објави порталот НетПрес.Без заддршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија вклучително и во градови како Делчево, Струмица, Штип, Свети Николе и останатите градови каде Македонците се убедливо мнозинство, како и решавање со учество на албанските партии на спорот за името со Грција како наводен услов за интеграции во Европската унија и НАТО. Но и непристрасна работа на Специјалното јавно обвинителство, и редица барања, меѓу кои и резолуција за осуда на „геноцид врз Албанците во Македонија“.
Заев кој во кампањата ветуваше кантони и форми на федерализација, сега иако поразен од народот бил спремен на се’ само за да влезе во владата.
Дека „ишаретите” на СДСМ до албанските партии се реалност, се надоврзува и ставот на идеолозите на СДСМ дека платформата на Албанците е премногу мека и на тој начин создавајќи услови таа безусловно од СДСМ да биде прифатена.
Главниот медиумски стратег на опозицијата, Бранко Героски во колумна пишува дека очекувал пожестоки, посуштествени и поконкретни барања.
-Очекував многу повеќе од „заедничката пплатформа на албанските партии за Македонија“, подготвена под спонзорство на Тирана. Очекував пожестоки, но посуштествени и попринципиелни барања. За жал, тие тоа не се. Не се „историски исчекор“, како што се фали Еди Рама, пишува Героски.
За уште еден отворен опозициски поддржувач, Бранко Тричковски, платформата на албанските партии е „добра основа за формирање на влада“. Тричковски пишува „не гледам зошто во Уставот не би се ставила формулацијата дека македонскиот и албанскиот јазик се официјални јазици во Република Македонија“.
-Не гледам зошто не би ја смениле химната која во музичкиот дел е катастрофална, а во текстуалниот грозна, не можам да сфатам зошто да не ги хармонизираме и знамето и химната, со нашата сварност. Конечно, Македонецот мора да разбере дека државата е сериозна работа и дека ако реши десетина години да и се препушти на идиотската хистерија на ВМРО, цената ќе мора да ја плати. Треба да биде среќен ако помине само со овие „издатоци”!, пишува Тричковски.Без заддршка за раководството на СДСМ било прифатливо да се воведе двојазичост на целата територија вклучително и во градови како Делчево, Струмица