СДС со Фрчковистички совет ќе го уништува судството. Спротивно на принципите на демократијата, правото и правната држава подготвува генерален реизбор на судиите, со што целосно под своја партиска капа сака да се стават судовите во државата. СДС со судовите сака да го направи тоа што го направи со СЈО, да ги претвори во партиска алатка која ќе ја води и помага нивната деструктивна и антидржавна политика, велат од ВМРО-ДПМНЕ.-За таа цел Владата на Заев подготви таканаречен совет за реформи во судството во кој го вклучи Љубомир Фрчкоски, човекот кој освен што знае да пишува навреди кон македонскиот народ, според исказите на неговите колеги нема ниту еден научен труд. Истиот тој беше министер и еден од најактивните политички функционери што го туркаа срамниот политички реизбор на преку 600 судии за само неколку минути. Во советот на СДС свое место си најде и нивната претседателка на советот за политички систем Маргарита Цаца Николовска, но и Мирјана Најческа и Гордан Калајџиев кои се истакнаа со фрлањето балони со боја и нанесувањето штета на државните институции, истакна Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.
СДС и Зоран Заев, додаде Илиоски, во овој совет ги вдомија и Наташа Габер Николовска, Беса Арифи и слични ликови блиски кои целиот изминат период глумеа професионални и независни експерти, а всушност беа гласноговорници на нивната политика за воспоставување целосна контрола врз судството.
-СДС и должи одговор на јавноста и на правната фела, зошто меѓу професионалците кои се вклучуваат во советот за реформи ги нема токму луѓето кои се на раководни позиции во најголемите судови, како и претседателот на Врховниот суд. Овој Совет има за цел целосно да го покори судството на волјата и хировите на Зоран Заев. Овој Совет ќе го погази начелото за самостојност на судската власт. Се уште јавноста памети како СДС во 1996-та година во само една ноќ именуваше со траен мандат над 600 судии во сите судови ширум Македонија. Тогаш ваквите списоци на подобни судии беа правени во општинските организации и во централниот штаб на СДС. Денес оваа штета која беше направена пред 21 година ќе изгледа како детска игра, во споредба со тоа што овој новоформиран совет во кој членуваат Фрчковски и екипата ќе направат во судството.
Според него, изборот на вакво тело со ваков состав и Генералниот реизбор на судии кои тие отворено го прокламираат, преставува класичен притисок врз судството во овој период со цел во наредниот период кој е клучен за Македонија да вршат неоснован прогон на што е можно повеќе функционери од ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин да се турка сценариото на Зоран Заев.
-Судската власт е независна од политиката и за тоа придонесоа голем број реформи кои изминатите години се правеа во таа насока со помош на нашите партнери и експерти од Европската Унија, а за дел од нив и самите членови кои сега учествуваат во Советот учествувале со изработка на законски решенија. Оттука очекуваме Европската Унија да има конзистентен став и да се спротивстави на генерален реизбор на судиите исто како што се спротивставувала во такви случаи во други земји. Дополнителна причина за спречување на едно вакво погубно сценарио кое го подготвува Зоран Заев е да не се погази тоа што досега Европската Унија и Македонија заедно го постигнаа во полето на реформите во целиот правосуден систем и неговата независност и отпорност кон политиката, потенцира Илиоски.-За таа цел Владата на Заев подготви таканаречен совет за реформи во судството во кој го вклучи Љубомир Фрчкоски, човекот кој освен што знае да пиш