„Судии берете памет. Правда ќе има со или без вас!“ Вака гласи заканата на пратеникот на СДСМ Мухамед Зекири кој на својот ФБ профил, граѓаните кои ја бранат државата ги нарекува терористи.-Само да ве потсетам неколку демонстранти кој скршија два три прозора од основниот суд, при протестите за Монструм, беа казнети со по три години затвор. А денеска гледаме параодија на ОЈО и судовите кој терористите кој упаднаа во Собранието ги ослободуваат или им одредуваат мерки на претпазливост. Секој што тој ден влезе во Собранието мора да биде казнет согласно законите, најмалку за учество во толпа а да не збориме за сите други дела за кој треба да се теретат.Судии берете памет. Правда ќе има со или без вас!, пишува Зекири.
За Зекири, лојалниот послушник на Заев, граѓаните кои ја бранат државата и оние кои ја тепаат полицијата се исти.
Во 2014. година во Скопје се случуваа насилни протести, се удираше врз полицијата, се палеа контејнери, а сега најблиските луѓе на Заев сакаат да направат слика дека протестите на „За заедничка Македонија“ се исти како и насилните пред три години.
За разлика од мирните протести на „За заедничка Македонија“, на тогашните протести насилните протестанти ја тепаа полицијата, вееја албански и вахабистички знамиња и извикуваа „Алах акбар“.
-Само да ве потсетам неколку демонстранти кој скршија два три прозора од основниот суд, при протестите за Монструм, беа казнети со по три год