СДСМ – штит за мито и корупција!

Аферата со уапсените професори од Економски факултет, коишто се теретат дека примиле мито, охрабри многу студенти да ги откријат личните искуства поврзани со овој немил настан.Студирањето секако е важен дел од животот на младите и надоградувањето на знаењето е процес кој подоцна ќе награди со снаодливост и ефикасно вршење на работата.
Со оглед на тоа што многу млади немаат средства ниту да се запишат на факултет, фрустрирачко е спознанието дека некој со леснотија го поминува факултетот – доволно е да шушне со вистинската сума пари и да положи испит.
Другите студенти, коишто имале прилика да се запишат на факултет во потрага по подобра перспектива, се соочуваат со масивен ѕид пред себе на чија средина се наоѓа наплатна рампа за патот кон дипломирањето.
Во зависност од саканата оцена, треба да се плати износ помеѓу 500-1000 евра за да се помине испит. И секогаш таа наплатна рампа го блокира дипломирањето.
Колку е фрустрирачки фактот дека ако сака некој да помине испит, МОРА да плати за да помине понатаму. Без разлика дали макотрпно се учело – ќе паднеш на испит!
Ќе се падне, затоа што некој е алчен за пари и никогаш не му е доста.

Од друга страна, се појавуваат „душегрижници“ кои на секаков начин ги врбуваат младите во своите редови, ветувајќи им права и поквалитетно образование. Истите тие дужегрижници, ги здружија силите за да ги бранат корумпираните професори, барајќи да се заштитат нивните права.
Кои права господа? Правото да уценува, правото да изигрува Господ и да си игра со судбини на студенти од различни слоеви од општетсвото?
Зарем не треба законски да одговараат луѓе кои со подмитливоста го уриваат образовниот систем и кои досега уништија чесни студенти коишто не сакале да платат за да поминат испит?
Треба да одговараат за многу работи и да си ја признаат вината. Во меѓувреме, треба да се запрашаат и тие што ги бранат, дали знаат што всушност прават? Не можеш да за залагаш за морални вредности, етичност и да плукаш поради измислени нерегуларности само затоа што си желен за власт.
Ете за каква иднина се бори опозицијата – заштити ги митото и корупцијата!
Студирањето секако е важен дел од животот на младите и надоградувањето на знаењето е процес кој подоцна ќе награди со снаодливост и ефикасно вршење

Пронајдете не на следниве мрежи: