СДСМ три години градеше атмосфера за да се случи ова денес, обидот за убиство не дојде случајно

Денес во Македонија се случи обид за атентат врз Никола Тодоров кој до пред неколку часа беше заменик на претседателот на Владата и министер за здравство, кој истовремено е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, носител на изборната единица 2 и шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешната прес-конференција претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски чие обраќање ви го пренесуваме интегрално во продолжение.Обидот за убиство беше недвосмислен свиреп и со умисла. Пукано е од непосредна близина во главата на Никола Тодоров. Присебноста и брзата реакција во дел од секундата го спасија Тодоров од првиот испукан куршум, а реакцијата на полицијата од вториот испукан куршум. Тие делови од секундата одлучија Тодоров да е жив, а неговите две деца да не се сираци. Овој обид за убиство не дојде ниту случајно, ниту без подготовка на атмосфера за тоа
СДСМ, Зоран Заев, куп невладини организации финансирани од соросовите инсталациуи, Шарената платеничка револуција цели три години градат атмосфера за ова денес да се случи. И се со единствена цел, СДСМ да дојде на власт, Зоран Заев да стане премиер, ВМРО-ДПМНЕ да се испрати во опозиција и по можност да се уништи.
Врз Тодоров и врз сите нас три години се фрлаат етикети, лажни обвинувања, се манипулира со се што работевме. Со лажни информации се создаваше хистерија и се користеа сите методи за наше оцрнување и прикажување со најцрно светло.
Денешниот обид за убиство не беше случаен, бил подготвуван. Денес било трагано по него, со одење во неговиот дом и веќе е јасно дека е политички поттикнато со градење атмосфера против Тодоров.
Од 2014 година сите тие, СДСМ, Зоран Заев, НВО, платените таканаречени револуции, дел од новинарската дела и многу други нивни поддржувачи, Никола Тодоров кој чесно и одговорно си ја извршуваше својата функција го нарекуваа министер за смрт. За да дојдат на власт, за да го убедат народот нас да не мрази, а нив да ги изгласа поигрувајќи се и злоупотребувајќи ги чувтсвата и емоциите на народот, а особено на блиски на пациенти кои починале или се во одредена тешкотија, оваа платеничка и злосторничка група алчна за власт непрекидно и континуирано со лаги и манипулации градеа атмосфера која денес резулатираше со обид за атентат на Никола Тодоров.
И ова не е прв случај.
Пред околу две недели, ден по незаконското гласање на Талат Џафери во домот на родителите на Антонио Милошоски беше пронајдена бомба која за среќа не експлодирала како што тоа некој го планирал. Ако експлодирала ќе имаше жртви, а во прв ред тоа ќе беа или пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски и поранешен министер за надворешни работи или неговите родители.
Денес ден по изборот на Зоран Заев за премиер имаме обид за убиство врз Никола Тодоров.
Пред неколку дена со влез во зградата каде живее Гордана Јанкулоска, непознати лица влегле и го демолирале нејзиниот автомобил очигледно како порака од некого.
Вакво однесување СДСМ имаа и кога дојдоа на власт во 2002-рата, кога вечерта по објавување на резултатите во возилото во кое се движев беше испукан куршум, кој за среќа не ме погоди.
Сторителот не се најде тогаш, сторителот не е најден ни во случајот со поставената бомба во дворот на родителите на Антонио Милошоски.
За среќа, денешниот сторител е совладан од полицијата на лице место, доколку не беше совладан, доколку случајно не се најде полицијата да го совладаат и доколку избегаше, можеби и него немаше да може да го најдат.
Се прашувам дали за ова се бореа сите поддржувачи на СДСМ, и оние од внатре и оние однадвор. Дали ова е животот кој од денес требаше да дојде во Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е под напад, под оган од сите страни и со сите средства. Ова е хајка и поттикнување на одмазднички акции.
Очигледно вака ја замислува демократијата СДСМ. Ова е срам за државата. Срам за демократијата и за ова како поттикнувачи своја вина носат сите оние кои ја потпалуваа атмосферата и народот исто така беше потпалуван од нив цели три години,  со цел да дојдат на власт бидејќи поинаку со идеи, со работа, со резултати не можеа да дојдат на власт.
Три години секој ден по улиците го слушаме зборот револуција, не зависно дали е во контекст на таканаречената револуција или во било кој друг контекст.
Нормална последица во подгревањето атмосфера за револуција е да заврши со убиство односно обид за убиство како што имаше денес врз Никола Тодоров или пред две недели врз Антонио Милошоски.
Напоменувам дека повеќемина од раководството на ВМРО-ДПМНЕ се под закана во ваква креирана атмосфера. Јас лично и моето семејство подолг период сме под јавна закана од повеќе страни, тргнувајќи од соопштенијата на ОНА, па преку разни криминални и политичко-новинарски структури кои објавуваат статии како го змаислувале моето убиство и погреб.
Инспиратор, мотиватор, подготвувач на оваа атмосфера е тој кој три години во немоќ по нормален пат да дојде на власт ја гради.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност, одговорност од сторители, но и од поттикнувачите.
Ова дело може да се повтори, може да се повтори на било кој друг и било кога. Денешниот случај е само кулминација на се она што се гради како атмосфера подолг период во Македонија. овој случај, овој подмолен чин нема  да не заплаши, ниту ќе не премисли во нашето делување.
Ние ќе продолжиме да бидеме на страната на вистината, на страната на правдата, на страната на државните и на страната на националните интереси на Република Македонија.
 
Обидот за убиство беше недвосмислен свиреп и со умисла. Пукано е од непосредна близина во главата на Никола Тодоров. Присебноста и брзата реакција

Пронајдете не на следниве мрежи: