Отпочнува следната фаза од сценариото на СДСМ за крадење на изборната волја на народот изразена на мирните, фер и демократски избори во неделата.СДСМ успеа да обезбеди мнозинство гласови во Државната изборна комисија со кои се прифати приговорот на партијата за избирачко место во Гостивар, со што практично целиот избирачки одбор беше обвинет дека лаже и осомничен дека учествувал во изборна измама.
Од избирачкиот одбор тврдат дека Фатиме Сулејмани гласала и со УВ ламба се видело дека има мастило на прстот.
-Околу 14: 30 часот дојде жена со својот сопруг да гласа, прво се легитимираше за да провериме дали е на избирачкиот список. Видовме дека на списокот каде што треба да се потпише веќе имаше потпис и членот и укажа дека веќе гласала. Потоа членот на БЕСА излезе и почна да тврди дека они се први комшии и дека таа не била да гласа и инсистираше да се прекине процесот на гласање. Јас му укажав дека тој нема право да одлучи дали ќе се прекине или не, може само да поднесе забелешка до изборната општинска комисија. Нормално, сите ние видовме, сите членови сакавме да видиме што е работата. Мислевме да не е грешка, но потписот искочи дека е ист како на личната карта. Одлучив ќената да потпише на бела хартија и потписот беше ист. Со тоа ниер заклучивме дека таа веќе била и гласала претпладне и не и дозволивме да искористи по втор пат да гласа, бидејќи тогаш би го прекршиле законот, истакна претседателот на избирачкиот одбор.
Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција истакна дека со незаконската одлука за графолошко вештачење, не само што ДИК активно се вклучи во фалсификување на волјата на народот, туку испраќа во затвор невини луѓе само за да ги задоволи политичките амбиции на СДСМ.
-Со одлуката да се врши графолошко вештачење, ДИК изрази сомнеж дека членовите на избирачкиот одбор дале лажни изјави дека граѓанката се појавила по втор пат на гласање. Јавноста вчера виде дека присутните членови на избирачкиот одбор и по идентификација, и по лична карта и по проверка со УВ ламба утврдиле дека граѓанката веќе еднаш гласала и има траги од спреј на прстот. Сега ДИК го оспорува нивниот исказ и заради нарушување на изборниот процес ги праќа во затвор Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди, кои што се членови на избирачкиот одбор, заменици членови и набљудувачи.
Фатиме Сулејмани, не пријавила ниту дека ја изгубила личната карта ниту дека некој и ја украл, а таа лична карта е заведена во избирачкиот список и според Тодоров многу е веројатно согласно исказите на сите членови на избирачкиот одбор јавно кажани вчера дека таа лична карта е искористена за гласање.
-Ова е изборниот инженеринг за кој што предупредувавме како ВМРО-ДПМНЕ. Ова е сценариото на постизборен инженеринг што треба да биде реализиран по нечија наредба. Членовите на ДИК кои излегоа надвор од своите надлежности треба да размислат дали заради вакво сценарио се подготвени да испратат во затвор седум луѓе. Дали членовите на ДИК сфаќаат што ќе им направат на семејствата на Берат Усеини, Катерина Миноска, Емсија Абас, Богица Василеска, Тања Ѓурчиноска, Златко Ѓорѓески и Ајсел Мемеди? Дали членовите на ДИК знаат кој ја донесе граѓанката Фатиме Сулејмани во Скопје? Дали знаат дека таа стигна со ново Ауди А8? И дали знаат чиво е тоа Ауди А8? Дали знаат каде во моментот е еден од синовите на Фатиме Сулејмани? Дали знаат дека е можно некој да ја злоупотреби Фатиме Сулејмани и преку валкани игри да ја вклучи во вакви незаконски игри, запраша Тодоров.
Инаку, со ова се отвора преседан во иднина секоја минорна политичка партија да организира по десетина гласачи кои поинаку би се потпишувале во избирачкиот список различно од потписот во личните карти и на тој начин би ги попречувале изборите.СДСМ успеа да обезбеди мнозинство гласови во Државната изборна комисија со кои се прифати приговорот на партијата за избирачко место во Гостивар, с