Штипскиот новинар Иван Бојаџиски кој се најде на листата на советници на СДСМ, освен честите прошетки до општинската изборна комисија се јавува и во улога на колпортер. Неговиот приватен весник „Штипски глас“ се дели низ штипската гимназија со дозвола на директорот Ристо Петковски, долгогодишен кадар на СДСМ и негов личен пријател.Приватниот весник на кандидатот за советник на СДСМ, новинарот Бојаџиски се дели низ штипската гимназија.
На насловната страница на најновиот број е интервју со кандидатот за градоначалник на СДСМ, Благој Бочварски, а во дистрибуцијата на весникот е вклучен и неговиот татко Венцо Бочварски, инаку градежен инспектор во локалната самоуправа.
Наместо директорот Петковски да дистрибуира книги, тој шири памфлети од весникот на Бојаџиски, со што свесно врши партиско-политичка агитација пред избори, меѓу средношколци. Гимназијата е претворена во киоск за дистрибуција на личниот весник на Бојаџиски.
Очигледно Министерството за образование и наука нема време да реагира исто како и државниот просветен инспекторат кој е во блиски реалции со директорот Петковски. Петковски е познат по „удоволувањето“ на секоја гарнитура на власт без оглед дали е на централно или локално ниво, со цел да си го зачува директорското место иако старите кадри на СДСМ не го сакаат. Во училиштето е вработен и неговиот син.
Захариев бара реакција од ЗНМ
Градоначалникот на општината, Илчо Захариев испрати писмо до ЗНМ и првиот човек Насер Селмани, со неколку прашања:
-Дали знаете дека регионалниот координатор на ЗНМ за Источна Македонија, стана кандидат за советник на место број 11 на советничката листа на СДСМ во Штип?
-Дали вака ЗНМ го замислува професионалното и бјективно новинарство?
– Дали е дозволиво координатор на новинари да биде на партиска листа а при тоа да ги убедува луѓето дека тој е професионален и ОБЈЕКТИВЕН новинар?
– Дали знаете дека посочениот ја користи својата новинарска професија за да ги посетува фреквентно членовите на Општинската изборна комисија и да им врши притисоци а при тоа сите знаат дека влегува во политичка кампања?
И на крајот…Дали овој „новинар“ треба да ги води новинарите на Истокот ?
Истото го пренесуваме во продолжение.Приватниот весник на кандидатот за советник на СДСМ, новинарот Бојаџиски се дели низ штипската гимназија.
На насловната страница на најнови