СДСМ во својот мандат нема ништо направено за подобрување на состојбата во пензискиот систем, подобрување на животот на пензионерите но медиумите блиски на СДСМ упорно се трудат со манипулации да создаадат вештача тензија, криза и прикажат лоша слика на пензискиот систем во нашата држава.Деновиве низ опозициските медиуми се шират најразлични шпекулации, лаги и манипулации за наводни долгови на ПИОМ кон приватните фондови со кои тенденциозно се повикува на нарушување на интересите на втор пензиски столб.
Курир направи истражување на темата и дојде до следните податоци:
Бројот на членови во вториот столб изнесува 403.024 а вредноста на средствата на втор столб за десет години достигна 40 милијарди денари или околу 650 милиони евра.
Резултатот на овој износ на средства е достигнат преку соодветното законско регулирање за начинот на инвестирање на средствата во соодветни инструменти со кој се овозможува интересoт на членовите на вториот пензсики столб.
Само во 2015 година ПИОМ на приватните дрштва во втор пензиоски столб има префрлено околу 4,7 милијарди денари, во 2014 година се пренесени на вториот столб над 4,1 милијарда денари, секоја година се пренесуваат огромни средства на друштвата од вториот пензиски столб, со што се создаваат можности да расте и да се развива вториот столб со досега рекордни колку 650 милиони евра и над 400 000 членови.
Владата на Република Македонија изминатиот период презеде мерки за заштита на интересите на приватните пензиски фондови со донесување на законски измени со кој се изврши намалување на надоместоците кои ги наплаќаат приватните пензиски друштва.
Имено од 2006 година до 2010 година за секоја уплата поединечна уплата на придонес, друштвата наплатуваа 8,5% провизија, која што во најголем дел се користи за нивни трошоци. Од 2010 година до денес, овој надоместок е намален за 100 % и истиот сега изнесува 4%. Едновремено од 2013 година се извршување намалување и на надоместокот којшто друштвата го наплатуваат за секое инвестирање на средствата на членовите од 0,05% за 0,03%.
Со овие намалувања на надоместоците се овозможи повеќе средства да останат на сметките на осигурениците што директно влијае на износот на пензијата.
Фондот на ПИОМ ја извршува својата законска функција на пренесување на дел од придонесот за ПИО (6%) до приватните пензиски фондови но треба да се има во предвид дека пред пренесување на средствата врши дополнителни проверки на податоците на секој индивидуален член на пензиски фонд содржани во месечната пријава за интегрирана наплата на придонеси (МПИН). Во оваа постапка Фондот десет години наназад ја проверува точноста и квалитетот на податоците со цел натамошно инвестирање на средствата од придонесот.
Сето ова покажува дека Владата на Република Македонија е ориентирана на заштита на интересите на членовите на втор пензиски столб и осигурениците. Владата на Република Македонија потврди дека во идниот период ќе се посвети на развој и унапредување на капитално финансирано пензиско осигурување со единствена цел заштита на интересите на членови на втор пензиски столб и искористување на потенцијалните можности за поттикнување на конкуренцијата и влез на капитал во оваа област.
Добивката на КБ по оданочување од почеток на 2015 година до 30.06. 2015 година изнесува 38 милиони денари а Нов пензиски Фонд за истиот период 26 милиони денари.
Од септември 2008 година исплатата на пензиите се врши секоја прва седмица од месецот истовремено за сите корисници на пензија.
Пензиите од 2006 до октомври 2015 се зголемија и тоа: најниската пензија за 90,32% од 4.330 денари во 2006 година на 8.241 денари во 2015 година. Просечната пензија за 70,29 % од 7.683 денари во 2006 година на 13.083 денари во 2015 година. Највисоката пензија за 32,68 % од 27.606 денари во 2006 година на 36.628 денари во 2015 година.
Во 2016 година Владата ќе ги зголеми пензиите по 5% годишно, со исплатата на септемвриската пензијата во Октомври 2016.
За ова зголемување во 2016, веќе се усвоени измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување
Во многу европски држави и држави од опкружувањето се стопираше зголемувањето и усогласувањето на пензии а во некои и се намалија пензиите. Во Република Македонија соодносот на бројот на вработени и број на пензионери е 1,8:1 и ова е позитивен податок за пензискиот систем во Република Македонија бидејки се зголемува бројот на вработени во државата иако упорно квази експертите блиски до опозицијата се трудат да го претстават како негативен податок, за споредба има многу држави од нашето опкружување се во полоша состојба на пример во Словенија соодносот е 1,27:1, во Хрватска 1,23:1, Романија 1,2:1, Босна 1,13:1, Србија 1,46:1
Во време на Владите на СДСМ пензиите се исплатуваа во три групи и тоа прво пониските износи на пензии па потоа просечната пензија и во трета група повисоките износи на пензии. Исто така до 2005 година, исплатата на пензиите доцнеше и се вршеше за два месеци наназад. На пензионерите им ги намалија пензиите за 8%, и воведуваа нови модели на усогласување што дополнително им ги кратеа пензиите на пензионерите.Деновиве низ опозициските медиуми се шират најразлични шпекулации, лаги и манипулации за наводни долгови на ПИОМ кон приватните фондови со кои тенд