Синот на Љубомир Фрчкоски, 23 годишниот Јон Фрчкоски од денеска е згрижен на трошок на граѓаните во Паркинзи на општина Центар, јавно претпријатие кое од страна на Андреј Жерновски и директорот Саша Богдановиќ целосно е претворено во партиска фирма на СДСМ каде синовите и ќерките на функционерите добиваат плати од буџетот.Според информациите, Јон Фрчкоски од денес е вработен како Оператор на паркинзи. Неговиот татко Љубомир Фрчоски, освен што е познат по навредливите и безобразни колумни, јавноста го виде и во друго светло, кога нападна жена, пренесува „Денешен“.
Во ПОЦ неодамна беше вработена и Катерина Иванова Бекири, сопруга на Захир Бекири Чауш, член на СДСМ и близок соработник на Зоран Заев кој ја креираше „Фабриката за афери“ на СДСМ. Претходно медиумите пишуваа дека директорот на паркинзи центар, Саша Богдановиќ го поставил својот кумашин Ѓорги Димитриевиќ за раководител на Сектор во јавното претпријатие.
Жерновски и Богдановиќ во „Паркинзи Центар“ го вработиле и бившиот советник на СДСМ во општината, Александар Цветановски Бабуш, кој сега во „Поц“ е одговорен за внатрешна контрола, тој стана познат во јавноста затоа што се фотографираше со оружје.
Ја вработиле и ќерката на актуелниот советник на СДСМ во Центар Никола Георгиевски, Ана Георгиевска.И фамилијата на веќе добро познатиот Дејан Тодоровски Гзе си го нашла своето место во прегратката на Жерновски и Богдановиќ. Тој беше познат по скандалот кога во кафeани наместо од својот џеб плаќаше од општинските пари.
Но, Жерновски и Тодоровски не запираат тука, од пред некое време братот на Гзе, Бранислав Тодоровски работи во „Паркинзи Центар“, а во општина центар е вработена и Јулијана Михајлова која е ќерка на сопругата на Гзе. Паркинзите на центар и без овие 67 доминантно партиски вработени, функционираа нормално, сега како што велат познавачите, институцијата страда од пренатрупаност, објави „Денешен“.
Во „ПОЦ“ се вработил и Никола Савовски кој беше кандидант за советник на листата на СДСМ а неговиот татко, Ратко Савовски, е раководител на сектор во општината. Во Паркинзи Центар се вработил и поранешниот претседател на СДСМ Центар Фјодор Доброхотов, кој остана запаметен во јавноста како директор на Македонски Шуми кој беше осомничен за проневера на над 2 милиони евра. Во Центар се вработиле и поранешната советничка на СДСМ Кети Штерјова и поранешниот директор на Државна Статистика од СДСМ СДСМ Данчо Герасимовски.
Како СДСМ ги вдомува заслужните кадри пред избори на трошок на граѓаните покажува и примерот со тоа што Фросина Ременски издејствува нејзиниот сопруг да биде незаконски унапреден од Оливер спасовски за седум нивоа на само ден пред Нова година.Според информациите, Јон Фрчкоски од денес е вработен како Оператор на паркинзи. Неговиот татко Љубомир Фрчоски, освен што е познат по навредливите