СДСМ загрозен од Левица, медиумите под нивна контрола ја бојкотираат оваа партија

Телевизија Нова може да биде пример за тоа како им дава шанса на сите политички субјекти преку дебата да ги искажат своите ставови пред јавноста, иако некои сакаат да и ја залепат етикетата „прорежимска“.Тоа е ставот на членот на Президиумот на Левица и носител на листата на оваа партија во ИЕ1, Димитар Апасиев, кој во своите постови на социјалните мрежи, пред се на ФБ, јавно го истакнува фактот дека Левица добила покана за учество на сите дебати што ТВ Нова ги организира секојдневно на различни теми.
 
Истовремено, Апасиев, кој е јавно и јасно прокламиран опозиционер, истакнува дека тоа не е случај за другите телевизии, пред сите, како што наведува Апасиев, телевизија Телма. Како што пишува Апасиев, Левица добила покана за учество на само две дебати на Телевизија Телма, но притоа, и во тие дебати не добила шанса да ги соочи своите аргументи со двете најголеми партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Тоа, секако не е случај, како што напоменува Апасиев, со наводно прорежимската ТВ Нова.
 

Овие ставови на Апасиев, искажани на социјалните мрежи, не останаа без реакција во јавноста. Така, една од првите кои му даде поддршка на Пасиев е професорката Билјана Ванковска, која во јавноста важи за постојан критичар на владејачката политика.
 
Тоа свое мислење, Апасиев и јавно го искажа кога беше гостин во ТВ Нова на дебата со претставникот на владејачката партија Зоран Илиоски кога се разговараше на тема за тоа дали се потребни реформи на уставниот систем и политичкото уредување.
Таквата пракса што се применува од другите телевизии кои, според Апасиев, за разлика од ТВ Нова, не им даваат шанса на помалите политички субјекти е неисполнување на нивната одговорност и е многу штетно за политичката клима во Македонија.
Тоа што го напиша Апасиев на социјалните мрежи во голема мера е во спротивност со одлуките на ад-хок телото за мониторинг на медиумите, кое поради наводно неизбалансирано известување во полза на владејачката партија во неколку наврати ја опоменуваше па дури и казнуваше ТВ Нова. За таквите одлуки имаше реакции и од членови на самото тело, кои тврдеа дека притоа се употребуваат двојни аршини, односно едни телевизии, како ТВ НОВА се постојано на тапет, а други, што важат за поблиски до опозицијата, за исти работи не добиваат ниту опомена.
Тоа е ставот на членот на Президиумот на Левица и носител на листата на оваа партија во ИЕ1, Димитар Апасиев, кој во своите постови на социјалните

Пронајдете не на следниве мрежи: