Многу мал дел од поплавените земјоделски површини кои настрадаа во невремето кое го зафати скопскиот регион пред две недели ќе бидат подготвени за есенските земјоделски работи. Се очекува првите примероци за анализа од поплавените ниви да бидат земени неделава.За тоа од каде ќе бидат земени првите анализи, колку време ќе се проверуваат земените примероци како и кои земјоделски култури се погодени поразговаравме со професорката на факултетот за земјоделски науки Татјана Миткова.
Таа вели дека одделни делови на теренот се со различни штети.
-Ситуацијата е најтешка во Стајковци, каде што наносот е повеќе од 50 см, а тој нанос според нашата проценка е измешан и со фекалии. Поради ова очекуваме и појава на патогени микроорганизми, вели за ТВ Нова Миткова.
За тоа од каде ќе бидат земени првите анализи, колку време ќе се проверуваат земените примероци к