вторник, 24 ноември 2026
Најново

Се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“ во Ѓорче Петров

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Општина Ѓорче Петров информира дека се асфалтираат шест крака на улицата „Црногорска 2“, поточно 2, 4, 6, 8, 10 и 12 во непосредна близина на централните гробишта во Ѓорче.Проектот заеднички го реализираат Град Скопје и општината Ѓорче Петров, а градежните работи ги изведуваат екипи од ЈП „Улици и патишта“.  Вкупната должина за асфалтирање е 1.300 метри, а краците се со широчина од 3,5 до 4 метри, а од 4,5 до 5 метри широчина е главната улица на која се надоврзуваат краците.
– Со деталната реконструкција ќе бидат избегнати сите проблеми кои ги носеа временските прилики, соопшти општина Ѓорче Петров.
Работите ќе траат до крајот на јуни 2017 година, а за овој проект издвоени се три милиони денари.Проектот заеднички го реализираат Град Скопје и општината Ѓорче Петров, а градежните работи ги изведуваат екипи од ЈП „Улици и патишта“

Поврзани вести