Се бара брачна двојка за пат на Марс

Непрофитна фондација на првиот вселенски турист Денис Тито започна во потрага за маж и жена, по можност брачна двојка, кои би сакале да патува до Марс.

Мисијата до Марс, којашто според процените би требало да чини околу милијарда американски долари и би се финансирала од донации и спонзор, треба да започне на 5-ти јануари 2018 година.
 Имено, тогаш Марс и Земјата ќе бидат така порамнети што времетраењето на патувањето ќе биде оптимално кусо, 501 ден (228 денови за пат до Марс и 273 фенови за враќање на Земјата). Вселенското летало ќе направи круг околу Марс и ќе се приближи до неговата површина на 241 километар пред враќањето на Земјата.
 Надвор од овој своевиден „временски прозорец”, за пат до Марс и назад потребни се , инаку, две до три години. Следната слична можност за кус пат, односно кога двете планети ќе бидат на оптимално најмалата оддалеченост ќе биде во 2031 година.
 Милионерот и првиот вселенски турист Денис Тито изјави дека делумно ќе ја финансира оваа мисија, која ќе ја организира неговата приватна фондација „Inspiration Mars Foundation”. Подготвен е да ги донира првите 20 милиони долари за развој на клучната технологија за патот до Марс.
 Имајќи предвид дека овој пат претпоставува долг период на изолација мал животен простор во леталото, организаторите предлагаат патниците да бидат во брак, и тоа по можност складен.
Макфакс
Непрофитна фондација на првиот вселенски турист Денис Тито започна во потрага за маж и жена, по можност брачна двојка,

Пронајдете не на следниве мрежи: