Пред да се одлучите да им купите на Вашите деца куп подароци, размислете добро и за нивната безбедност, а не само на желбите.„Обрнете внимание каде ги купувате играчките и дали се тие безбедни, но и од каков материјал се направени. Голема е веројатноста дека на пазарите и на разните сомнителни продажни места, ќе налетате на играчка која е направена од токсични материјали. Водете сметка и за возраста на детето. За помали деца бирајте помеки играчки, без ситни делови кои би можеле да ги проголтаат“ – предупредуваат педијатрите и додаваат дека би требало да се води сметка и за тоа играчките да бидат интересни и едукативни.
Побарајте ја ознаката „СЕ“ на етикетата
Прописите за безбедност ги обврзуваат производителите да ги почитуваат строгите правила за незапаливост, механички, хемиски и електрични својства. За да бидете сигурни дека играчката е безбедна, проверете дали ја има ознаката „СЕ“ и дали на пакувањето е наведено името производителот и увозникот (доколку е произведена во странство).
Прочитајте го предупредувањето за возраста на детето
Производителите се должни да напоменат дали играчката може да предизвика незгоди или повреди и како тие би можеле да се спречат. Така, на играчките кои што не се наменети за мали деца, мора да пишува – „Не се препорачува за деца помлади од 3 години“. Ако е потребно, етикетата мора да содржи и предупредување за потенцијални опасности – „Ситни делови кои можат да се голтнат или вдишат“.
Некои играчки бараат дополнителни мерки за претпазливост
Отворете ги очите ако вашите најмили ви побараат комплет за хемичари, биолози или биохемичари. Иако ги задоволуваат прописите, овие играчки можат да бидат опасни ако погрешно се употребуваат. Тие се наменети за деца кои се постари од 10 години и тоа мора да биде потенцирано на пакувањето. Освен тоа, мора да бидат наведени и евентуалните ризици, мерки за прва помош во случај на повреда и напомена дека играчката може да се употребува само под надзор на возрасно лице. Совети за дополнителни мерки за претпазливост мора да бидат истакнати и на играчките кои поттикнуваат мануелни активности (глина, водени боици…).„Обрнете внимание каде ги купувате играчките и дали се тие безбедни, но и од каков материјал се направени. Голема е веројатноста дека на паза



