Се ближи пропаста на рестораните за брза храна!

Гигантите за брза храна, како што се Мекдоналдс и Бургер Кинг, забележувајќи дека профитот им е опаднат и дека на брзата храна ѝ се ближи крајот, најавија повлекување на газираните сокови од оброците за деца.Секако дека тоа не значи дека брзата храна ќе биде поздрава, но претставува знак дека компаниите се подготвуваат за промена на понудата, за да успеат да опстанат во блиска иднина –  иднина со која владее органскиот начин на живот и во која природните/органски ресторани и пазарите се вистинските финансиски победници.
Се предвидува дека пазарот за органска храна до 2018 година ќе доживее пораст за 14%.
Најновиот потег на гигантите претставува обид постепено да се префрлат на овој пазар. За жал, тие ќе мора да направат многу повеќе од исфрлувањето на газираните пијалаци од оброците за деца.
Имено, тие имаат план да ги заменат газираните пијалаци со сокови и млеко кои содржат подеднакво количество на токсични адитиви, како и високофруктозен пченкарен сируп со жива.
Според NBC:
„Брзата храна која ја јадат децата за вечера, само што стана малку поздрава. Бургер Кинг ги исфрлува газираните пијалаци од оброците за деца и наместо нив служи безмасно млеко, нискокалорично чоколадно млеко или сок од јаболко.
Вендис ја направи истата работа во јануари, додека Мекдоналдс ги исфрли газираните пијалаци уште во 2013 година. Сите овие потфати се дел од движењето за решавање на проблемот со дебелеењето во Америка“.
Изгледа дека овие компании се обидуваат да внесат промени со тоа што ќе станат дел од природната индустрија. Меѓутоа, вистинската природна индустрија е веќе далеку пред нив и мала е веројатноста дека имаат некакви шанси против неа.
Фото: WikipediaСекако дека тоа не значи дека брзата храна ќе биде поздрава, но претставува знак дека компаниите се подготвуваат за промена на понудата, за да успе

Пронајдете не на следниве мрежи: